Илјадници Израелци протестираа против Владата на Нетанјаху, барајќи размена на заробеници со палестинските фракции

June 23, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Илјадници Израелци протестираа синоќа во Тел Авив, Цезареја и Ерусалим, барајќи договор за размена на заложници со палестинските фракции во Појасот Газа, јавија медиумите, пренесува Анадолу.

„Десетици илјади Израелци протестираа на Плоштадот на киднапираните војници во центарот на Тел Авив, барајќи итна спогодба за размена на заложници и распуштање на Владата на Бенјамин Нетанјаху преку предвремени избори“, објави весникот „Једиот Ахронот“.

Се наведува дека демонстрациите биле најголемите одржани во Тел Авив од 7 октомври.

Илјадници протестираа на Парискиот плоштад во центарот на Кудс (Ерусалим), барајќи и договор за заложниците, јави израелскиот Канал 12.

Израелците протестираа и во центарот на Цезареја, јави „Једиот Ахронот“, каде што марширале до резиденцијата на Нетанјаху и повикале на негова итна оставка.

На демонстрациите учествуваше и членот на Кнесетот, Гилад Карив.

Демонстрантите скандираа против Нетанјаху и Владата, сметајќи ги за одговорни за смртта на десетици заложници во Газа.

Поранешниот министер за одбрана Бени Ганц, кој го напушти сега распуштениот Воен кабинет, учествуваше на демонстрациите во населбата „Кирјат Гат“ во Негев, каде што демонстрантите бараа договор за размена на заложници.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш, над 37.500 Палестинци се убиени во Газа, од кои повеќето жени и деца, а речиси 86.000 се повредени, според палестинските здравствени власти.

Повеќе од осум месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, каде владее и блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во Рафа, каде што повеќе од 1 милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битиќи: Еден кандидат за лидер не верува во социјалдемократските вредности

Следно

Стотици комбајни синхронизирано жнеат на бескрајните полиња на турската „ризница на жито“

Latest from Blog

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клуч за економски развој и регионално поврзување

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Перез: Против нас се водат планирани напади, нема да си одам, останувам претседател!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, објави дека нема намера да ја напушти функцијата. 79-годишниот функционер, исто така, ги негираше извештаите дека има сериозна болест. „Многу ми е жал што морам да

Nusret Haliti zgjidhet drejtor i AKE-së në Maqedoni

Inxhinieri i elektroteknikës Nusret Haliti nga Tetova është zgjedhur drejtor i ri i Agjencisë për Komunikime Elektronike (AKE), një prej institucioneve kryesore rregulluese në vend. Haliti do të jetë pasardhës i Jeton
Go toTop