УЕФА отвори истрага против албанскиот репрезентативец Даку

June 20, 2024
1 min read

Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави вечерва дека отвори истрага против албанскиот репрезентативец Мирилинд Даку во врска со националистичките скандирања против македонската држава по завршувањето на вчерашниот дуел на ЕВРО2024 меѓу Албанија и Хрватска.

Даку, кој е роден во Косово, по завршувањето на натпреварот од второто коло во групата Б меѓу Албанија и Хрватска се упати кон трибините на стадионот во Хамбург и преку мегафон ги навредуваше Македонците и македонската држава, а потоа ги повика во тоа да му се приклучат и навивачите на албанската репрезентација.

Претходно денеска, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги осуди постапките на Даку и побара релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти.

Паралелно со истрагата против Даку, УЕФА соопшти дека отвори истрага за расистичко и дискриминаторско однесување на навивачите кои од трибините во Хамбург го следеа вчерашниот дуел меѓу Албанија и Хрватска.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДОЗНАЈТЕ: Ова се цените на лежалките во Грција – На некои плажи се бесплатни, некои бараат 30 и повеќе евра со резервација

Следно

Стапката на наталитет во богатите земји е преполовена

Latest from Blog

Трамп: Куба бара помош

Тој ја објави својата порака на социјалната мрежа Truth Social пред неговата посета на Кина оваа недела. „Никој од републиканците никогаш не ми ја спомнал Куба, а тоа е неуспешна земја која

Првиот ФИФА терен во Македонија свечено пуштен во употреба во Босилово

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање

Омерагиќ: Босилово е првиот чекор на проектот „FIFA Arena“ во Македонија

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање
Go toTop