Израелската армија ја уништи целата палестинска страна на граничниот премин Рафа

June 19, 2024
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Преминот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа повеќе не е употреблив откако неговата палестинска страна беше целосно уништена од страна на израелската армија, објави денес израелското армиско радио, јавува Анадолу.

На видеоснимката објавена од радиото на социјалната мрежа X се покажа уништувањето предизвикано од израелската армија на преминот, при што главната сала изгледаше целосно израмнета, а околните згради урнати.

„Вака денес изгледа преминот Рафа, целосно уништен и повеќе не може да се користи, откако беше преземен од Бригадата 401 за една ноќ“, коментира радиостаницата.

„Поради неговата релативна близина до границата, израелската армија го користеше преминот како место за застанување и за одмор“, се додава.

Израелската армија на 7 мај ја презеде контролата врз преминот, еден ден откако Тел Авив објави воена операција во градот Рафа, кој беше преполн со раселени луѓе, непочитувајќи ги меѓународните предупредувања за последиците.

Радиото истакна дека армијата „ефикасно го контролира“ коридорот Филаделфи по должината на границата меѓу Газа и Египет.

„Израелската армија веќе почна да размислува за долгорочна контрола на коридорот Филаделфи“, се вели во соопштението.

На видеоснимката се гледа како израелски булдожер ги урива зградата во близина на коридорот Филаделфи и шаторите што раселените Палестинци мораа набрзина да ги напуштат пред израелскиот напад врз Рафа.

„Еве потсетување на тоа што беше во Рафа пред израелската армија да влезе во областа: масивни шатори за раселените луѓе и бегалците што сега се целосно празни“, објави радиото.

Во врска со судирите во областа, радиото извести дека израелските војници „се соочуваат со голем предизвик во Рафа, односни минирани згради.

Непочитувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во Газа се убиени речиси 37.400 Палестинци, повеќето жени и деца, а повеќе од 85.400 се повредени.

Во текот на осум месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а има и целосна блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во Рафа, каде што над еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Полна Месечина во Јарец: Што ги очекува хороскопските знаци?

Следно

ЕК: Седум европски земји не ги исполнуваат критериумите на ЕУ во однос на буџетскиот дефицит

Latest from Blog

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и

Ким Џонг-ун најави нова нуклеарна политика

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун објави дека земјата ќе претстави политика за заедничко унапредување на нуклеарното оружје и конвенционалната воена моќ за време на претстојниот клучен состанок на неговата владејачка партија, објави
Go toTop