ВИДЕО: Покажуваше двоглав орел, УЕФА експресно му ја одзема акредитацијата и го исфрли од ЕУРО 2024

June 19, 2024
1 min read

Европската фудбалска унија (УЕФА) одлучи да му ја одземе акредитацијата на косовскиот новинар Арлинд Садику, кој ги провоцирал српските навивачи на Европското првенство во Германија.

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) пред три дена побара од медиумскиот сервис на Европската фудбалска унија (УЕФА) казна и одземање на акредитацијата на косовскиот новинар.

Во директниот пренос пред натпреварот од првото коло од групата Ц, Англија – Србија (1:0) пред српските навивачи, Садику ги свитка рацете и направи „двоглав орел“, симболот на т.н. „Голема Албанија“.

Албанските медиуми јавуваат дека УЕФА одлучила да му ја одземе акредитацијата на косовскиот новинар и да го исклучи од ЕП во Германија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со Ајфон во џеб не ти требаат други кодоши во животот

Следно

Полна Месечина во Јарец: Што ги очекува хороскопските знаци?

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла
Go toTop