Парада на гордоста во Атина

June 16, 2024
1 min read

Под мотото „Еден закон не е доволен“ и со знамиња во боите на виножитото, ијладници граѓани на различна возраст, припадници на ЛГБТ+ заедницата, но и туристи, учествуваа на традиционалната Парада на гордоста (Athens Pride) во центарот на Атина, а добија поддршка од 26 дипломатски претставништва во Грција, од политички партии, како и од атинскиот градоначалник.

Весели, расположени, распеани лица ги исполнија атинските улици, кои од попладневните часови, до доцна во ноќта се забавуваа на парадата, кој а и оваа година помина без никакви проблеми и со масовно учество.

Пред четири месеци, грчкиот Парламент го изгласа законот за истополови бракови, па затоа оваа година парадата беше под мотото „Еден закон не е доволен“, за на овој начин, организаторите и учесниците да испратат порака дека бараат целосна општествена промена која ќе донесе суштинска еднаквост, дека се потребни дополнителни активности за целосна општествена инклузија на ЛГБТ+ луѓето, која не се случува само затоа што е донесен конкретниот закон.

Новиот градоначалник на Атина Харис Дукас, не само што ја поддржа парадата, туку им се обрати на присутните, а потоа, заедно со нив беше дел од маршот низ атинските улици, што воедно е и првиот градоначалник што учествува на Athens Pride.

Истакна дека „Атина цврсто се залага за инклузија и толеранција, а оваа година постои уште поголема одлучност да се промовираат овие идеали“, посочи дека Парадата на гордоста е уште една можност да се слави еднаквоста и љубовта, испраќајќи ја пораката дека „Атина љуби, поддржува и прифаќа“.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дарко Велковски сега не е фудбалер на Динамо Букурешт

Следно

Од 9 часот утрово во прекин сообраќајот од излез Нов Дојран до влез Стар Дојран

Latest from Blog

Возиња конечно промовиран во Коло Коло

Голманот на репрезентацијата на Зеленортски острови, и сензацијата од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, 40. годишниот Возиња конечно е промовиран како нов член на чилеанскиот тим на Коло Коло. Тој

ТЕЖОК УДАР: Путин потпиша закон насочен кон Руси во егзил осудени во отсуство

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат широки финансиски, имотни и конзуларни ограничувања за Русите што живеат во странство, а се осудени во отсуство. Ова важи и за законот

Николоски: Над 409.000 патници на скопскиот аеродром во јули – нов историски рекорд

Македонските аеродроми бележат рекордни резултати во авио-сообраќајот, а политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат видливи ефекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето
Go toTop