Крос: Освојувањето на Европското би било совршен крај на мојата кариера

June 14, 2024
1 min read

Германскиот играч за врска Тони Крос изјави дека освојувањето на Европското првенство во 2024 година ќе биде совршен крај на неговата кариера.

-Се разбира, освојувањето на Европското првенство ова лето би било совршен крај на мојата кариера. Но, јас сум реален и знам дека нема да биде лесно. Во исто време разбирам колку би било посебно да се победи пред нашите навивачи. Меѓутоа, за да се случи ова, треба многу нешта да се соберат. Фокусирани сме да го покажеме најдоброто од себе и тогаш ќе биде јасно каков успех ќе постигнеме, изјави Крос.

Воведниот натпревар на ЕП 2024 меѓу Германија и Шкотска ќе се одигра денеска на „Алијанц Арена“ во Минхен. Почнува во 21:00 часот.

Германската репрезентација ќе игра на Еврото во групата А. Покрај Шкотска, избраниците на Јулијан Нагелсман ќе се соочат со Унгарија (19 јуни) и Швајцарија (23 јуни).

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пред 20 години ја запознавме како фаталната Руби, а еве како актерката изгледа денес

Следно

Ана Николиќ во мини бикини ги покажа своите заводливи облини (ВИДЕО)

Latest from Blog

Кристијано Роналдо со порака до критичарите

Фото: Кристијано Роналдо X Кристијано Роналдо, кој ужива во крајот на својот одмор откако играше на своето шесто и најверојатно последно Светско првенство, објави порака на социјалните мрежи на шпански јазик во

„Матица македонска“ започна 10-дневна книжевна програма по повод Илинден

По повод Илинден, книжевната програма „Зад датумот“ ќе ги поврзе историското паметење, јазикот, културното наследство и книжевноста, а ќе отвори и две јавни иницијативи за читателите и библиотеките Го знаеме датумот. Но

Голем пад на рејтингот на Трамп меѓу белците

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп меѓу белите гласачи падна на најниско ниво откако повторно ја презеде функцијата, според најновото истражување на CNN и агенцијата SSRS, кое укажува на растечко незадоволство меѓу

Марковски ја напушти државата, МВР вели немало забрана

Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, денеска бил задржан на граничниот премин „Табановце“, но по извршените проверки му било дозволено да ја напушти државата бидејќи против него
Go toTop