Газа: Во израелските напади врз бегалскиот камп Бурејџ убиени се повеќе Палестинци

June 14, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската армија продолжува со немилосрдните воздушни напади врз областите во Појасот Газа, вклучително и бегалскиот камп Бурејџ во централниот дел на блокираната енклава, јавува Анадолу.

Во израелскиот напад денес беа убиени неколку Палестинци, меѓу кои и деца. Меѓу убиените е и 11-годишниот Абдулрахаман Абу Џаламбо.

Повредените и убиените се донесени во болницата Ал Акса во градот Деир ал Балах.

Бегалскиот камп Бурејџ е густо населен и е дом на голем број раселени палестински деца.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Во Појасот Газа од 7 октомври во израелските напади се убиени повеќе од 37.200 Палестинци.

Израел беше обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Герапетритис останува министер за надворешни работи на Грција

Следно

Турскиот претседател заминa за Италија за Самитот на лидерите на Г-7

Latest from Blog

„Нова Македонија“: Разговор со Никола Ѓурѓај за работата на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана

Интервју со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, по повод организацијата на 29. семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) Со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај,

Коњановски од отворањето на БИТ ФЕСТ: Да ја славиме културата заедно со публиката и уметниците

Со мјузиклот „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, вечерва во преполната сала на Центарот за култура свечено беше отворено 18-тото издание на БИТ ФЕСТ, најголемата летна културна манифестација во Битола.

Турците во неверување, ѕвезда на репрезентацијата најави крај: Засрамени сме!

Фото: https://www.tff.org/ Турската фудбалска репрезентација го заврши учеството на Светското првенство по само две кола од групната фаза, а елиминацијата предизвика големо разочарување кај играчите и навивачите. По поразот од Австралија, Турците

Неделен преглед на Македонската берза: Комерцијална банка и Алкалоид меѓу најтргуваните акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15.06.2026 до 19.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 80.489.314,85 денари, од кои
Go toTop