Земјотресот во Турција и Сирија погоди милиони бегалци

February 7, 2023
1 min read

Некои од погодените области се речиси недостапни, што го отежнува проценувањето на штетите и бројот на жртвите

Земјотресот што вчера силно ги потресе јужна Турција и соседна Сирија погоди области со милиони бегалци кои веќе се во безизлезна ситуација.

„Не го знаеме точниот број на бегалци погодени од последната катастрофа и можеби ќе поминат уште неколку дена пред да се знае колкав е бројот, но стравуваме дека бројката е огромна со оглед на тоа што епицентарот на земјотресот е блиску до зона со висока концентрација на бегалци“,

предупреди Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР).

Некои од погодените области се речиси недостапни, што го отежнува проценувањето на штетите и бројот на жртвите. Турција е прибежиште за повеќе од 3,5 милиони сириски бегалци, од кои половината се деца. Од 15 милиони жители на десетте турски провинции погодени од вчерашниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер, 1,7 милиони од нив се сириски бегалци.

„Тие десет провинции имаат најголемо бегалско население во светот“,

рече Филип Леклер, претставник на УНХЦР во Турција.

Пред земјотресот, околу 6,8 милиони луѓе беа раселени во Сирија. На северот има и околу 60 000 палестински бегалци.

Во таа земја се наоѓаат 12 палестински бегалски кампови со околу 438 000 луѓе. Три се наоѓаат во северниот регион на Сирија погоден од земјотресот – Латакија, Неираб и Ајн Ел Тал. Таму се сместени 57 000 Палестинци, изјави Тамара Алрифаи, портпаролка на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).

Агенцијата упати апел да се соберат 2,7 милиони долари за помош на тие бегалци.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Доза никотин со вкус на ванила – нова детска мода со слаба контрола

Следно

(ВИДЕО) Украина објави снимка на која се гледа како војници на „Вагнер“ го претепуваат својот ранет командант

Latest from Blog

Откриен планот на Израел: Тајни пустински бази за напади врз Иран

Неодамнешните откритија на „Волстрит џурнал“ покажуваат дека Израел изградил база во западната пустина на Ирак за употреба во војната што започна во февруари 2026 година. Сепак, ирачките претставници изјавија за „Њујорк тајмс“

Тревога во Финска: Кренати борбени авиони- откриена е опасност

Финскиот јавен радиодифузер Иле објави дека војската го зголемила надзорот на областа. Латвиските власти утрово издадоа јавно тревога поради можно присуство на дрон во воздушниот простор на земјата, а подоцна латвиската војска

Во Mакедонија годишно се фрлаат над 10 илјади тони храна

Во Mакедонија годишно се фрлаат над 10 илјади тони храна. Експерти од прехранбената индустрија, претставници на академската заедница и студенти дискутираа за иновативни и одржливи пристапи за транформација на прехранбените нус производи
Go toTop