Министрите за одбрана на НАТО во Брисел разговараат за поддршката за Украина

June 13, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО се собраа денес во Брисел за да разговараат за нивната поддршка за Украина, јавува Анадолу.

„Ќе разговараме за итната потреба за поголема испорака, за оружјето за противвоздушна одбрана и за муницијата“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на маргините на дводневниот самит.

„Очекувам министрите на НАТО да договорат план за безбедносна помош и обука на НАТО за Украина. Исто така, ќе разговараме за долгорочното финансиско ветување што очекувам лидерите сојузници да го договорат на самитот на НАТО во јули“, рече тој.

Прашан за испораката на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина, Столтенберг рече дека сојузничките земји „напорно работат“ на ова прашање.

„Очекувам сојузниците да се изјаснат во наредните денови и недели“, рече тој.

На прашањето за ставот на Унгарија за конфликтот во Украина, шефот на Алијансата рече дека земјата „нема да биде дел од финансискиот дел“, но нема да ги блокира сојузниците да продолжат со планот.

Унгарија ќе продолжи да ги исполнува „сите други обврски во НАТО“, нагласи Столтенберг, истакнувајќи дека целта е „да се минимизира ризикот од празнини и одложувања“.

Тој потсети дека претходно годинава доцнењето на воената поддршка и од САД и од неколку европски сојузници „предизвикаа разлика на бојното поле“ и ѝ дозволија на Русија да се пробие и „всушност да окупира повеќе територија во Украина“.

Столтенберг, на прашањето за актуелната внатрешнополитичка ситуација во Франција, рече дека очекува Париз „да остане цврст и важен сојузник и во иднина“.

Францускиот претседател Емануел Макрон најави предвремени избори по поразот на неговиот центристички блок и победата на екстремната десница на изборите за Европската Унија ​​во неделата. Политичките партии почнаа да работат на различни решенија за формирање алијанси, а тоа доведе до криза во десничарските партии.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ова се придобивките од користењето на лубеница

Следно

Министерство за одбрана на Туркије: Потпишани се договорите за набавка на авионите Ф-16 од САД

Latest from Blog

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

 Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата

Вучиќ: Предстои нова ера во односите меѓу Србија и САД, стратешкиот дијалог е пресвртница

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград изрази благодарност до САД за донацијата од 5,1 милиони долари за уништување на заостанатото вооружување и оцени дека предстои време на воспоставување нова ера

Македонија се поврзува со Србија преку нов гасовод: Капацитет до 160.000 кубни метри на час

Македонија и Србија направија нов чекор кон енергетско поврзување со потпишувањето на договорот за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод меѓу двете земји. Договорот го потпишаа директорот на АД „Номагас“, Недим Рама,

Нова екипа, нова надеж: ГФК Победа ќе се натпреварува во Третата лига

Прилеп добива нов фудбалски клуб – Градскиот фудбалски клуб, односно ГФК Победа, кој од новата сезона ќе се натпреварува во Третата фудбалска лига. Основач на новиот клуб е здружението „Градски фудбалски клуб

Двајца рудари од Булмак 2016 меѓу најдобрите во Македонија: Признанија за Цеков и Ѓоргиевски

Посебна чест за компанијата е што двајца рудари од Булмак се меѓу наградените за најдобри рудари на национално ниво, на свеченоста што се одржа во Хотел Александар Палас во организација на Министерството
Go toTop