Дали Макрон стана премногу токсичен за да победи?

June 13, 2024
1 min read

Стравот на партнерите на Макрон е дека неговата одлука да свика итни вонредни избори во Франција откако беше прегазен на европските избори ќе доведе до катастрофа.

„Можам да ти кажам дека ликот на Макрон нема да го видиш на моите постери. Елисејската палата не го разбира вистински анти-претседателското расположение во Франција,“ изјавил за Политико член на францускиот парламент од коалицијата на Макрон.

Анкетите што ги пренесува магазинот покажуваат дека Французите го сметаат својот претседател за репресивен и го презираат, и причина за анти-елтитистичките чувства кои се раширија низ земјата по кризи како протестите на Жолтите елеци и ковид пандемијата.

„Неговата решителност да не ја промени насоката и покрај масовните протести околу пензиските реформи го засили ставот дека тој не е во допир со реалноста, а неговиот однос често пати е примен како арогантен и елитистички,“ пишува магазинот.

Во неделата на изборите за Европскиот парламент, десничарскиот Национален сојуз освои 31,4% од гласовите во Франција, што е два пати повеќе од 14,6 проценти кои ги собра партијата на Макрон. Анкета на денот на гласањето покажала дека речиси половина од гласачите имаат една клучна цел „да изразат незадоволство кон Макрон и неговата влада.“

Макрон на европскиот пораз реагираше со распуштање на францускиот парламент и свикување итни избори како мерка за покажување иницијатива и стишување на десницата.

Дури и аналитичари препорачуваат што е можно повеќе стишување на Макрон за доброто на неговата парија.

„Ако претседателот се стави себе си во прв план, тоа е голем ризик. Она што е сигурно е дека ако тој се вклучи само ќе ги мобилизира луѓето против него,“ објаснуваат аналитичари од Ипсос.

Сегашните анкети покажуваат дека партијата на Макрон повторно ќе биде прегазена на изборите на 30 јуни и 7 јули, и би можела да заврши како трета партија во Франција.

Апелите кон Макрон доаѓаат и од неговата коалиција, чии лидери го замолуваат „да не биде премногу вклучен во кампањата,“ и разговараат за неопходната „де-Макронизација“.

„Колку повеќе зборува, толку повеќе губиме поени на анкетите,“ изјавува еден советник на партијата на Макрон.

На Макрон уште му виси над глава критиката од пред почетокот на мандатот, дека тој ќе биде и е претседател на богатите, а не човек од народот. Неговиот претходен ангажман е инвестициски банкар, а некои негови политики само го засилија ставот дека на него му е грижа само за милијардери како Бернар Арно.

„Има проблем и со начинот на кој се претставува. Неговата елоквенција понекогаш не работи во негова корист, што често пати прави тој да изгледа професорски или како да соли памет,“ смета Политико.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Следно

ФОТО: Му заѕвони телефонот во Дизниленд, па ги спакува куферите за Германија – Зиркзе во неочекувана драма до ЕУРО

Latest from Blog

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот

Гаши со честитка за 23 Октомври: Единството и меѓусебната почит се темел на заедничката иднина

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката, Гаши посочи дека празникот потсетува на истрајноста и храброста на генерациите кои се

Проданоски: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, истакнувајќи дека празникот е симбол на македонската чест, непокор и национална гордост. Во честитката тој

Божиновска: Наша обврска е да го чуваме наследството на борците за Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од владината делегација положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Go toTop