Најбрзи голови во историјата на ЕП, рекордот во сопственост на Кириченко

June 12, 2024
1 min read

Рускиот напаѓач Димитри Кириченко е сопственик на најбрзиот гол во историјата на европските првенства, запишувајќи се во листата на стрелци по 67 секунди од натпреварот против Грција на Европското првенство во Португалија 2004 година.

Русија го доби натпреварот со 2-1, но тоа не беше доволно за да ја помине групната фаза, додека Грција и покрај поразот продолжи понатаму, а потоа сензационално ја освои европската титула.

Кириченко играше за руската екипа од 2003 до 2006 година, постигнувајќи четири голови на 12 натпревари.
Вториот најбрз гол во историјата на ЕП е дело на Швеѓанецот Емил Форсберг, кој постигна гол по една минута и 22 секунди игра на последното ЕУРО на натпреварот против Полска.

На истото првенство беа постигнати третиот и четвртиот најбрз гол. Третиот гол го постигна Данецот Јусуф Поулсен, кој ја затресе мрежата против Белгија по минута и 39 секунди игра.

Полјакот Роберт Левандовски е четврти на вечната листа со голот во четвртфиналето на ЕУРО 2016 против Португалија по минута и 40 секунди игра.

Во финалето на последното ЕП беше постигнат петтиот најбрз гол. Лук Шо ѝ донесе водство на Англија по минута и 56 секунди игра. Тоа беше и најбрзиот гол во историјата на финалето на ЕП. Претходниот рекорд го држеше Хесус Марија Переда, која постигна гол за Шпанија против СССР во 1964 година по пет минути и 17 секунди.

Најбрзи голови на ЕП:

1:07 мин – Дмитри Кириченко (Русија – Грција 2-1, ЕП 2004)
1:22 мин – Емил Форсберг (Шведска – Полска 3-2, ЕП 2020)
1:39 мин – Јусуф Поулсен (Данска – Белгија 1-2, ЕП 2020)
1:40 мин – Роберт Левандовски (Полска – Португалија 3-5 11 м, 1-1, ЕП 2016)
1:56 мин – Лук Шо (Англија – Италија 1-1, ЕП 2020)
2:00 мин – Роби Брејди (Ирска Франција 1-2, ЕП 2016)
2:07 мин Сергеј Алењиков (СССР Англија 3-1, ЕП 1988)
2:14 мин Петр Јирачек (Чешка 2-1, ЕП 2012)
2:14 мин Алан Ширер (Англија Германија 5-6 11 м (1-1), ЕП 1996)
2:25 мин Мајкл Овен (Англија – Португалија 5-6 11 м (2-2), ЕП 2004).  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милошоски, Митрески и Бендевска потпретседатели на Собрание

Следно

X воведува приватни „лајкови“

Latest from Blog

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот

Гаши со честитка за 23 Октомври: Единството и меѓусебната почит се темел на заедничката иднина

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката, Гаши посочи дека празникот потсетува на истрајноста и храброста на генерациите кои се

Проданоски: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, истакнувајќи дека празникот е симбол на македонската чест, непокор и национална гордост. Во честитката тој

Божиновска: Наша обврска е да го чуваме наследството на борците за Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од владината делегација положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Go toTop