Во Скопје постигнат договор за избор на генерален секретар на Регионалниот совет за соработка

June 12, 2024
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, изјави дека е постигнат договор за да се избере генерален секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), односно со унанимност е предложен кандидатот Амер Капетановиќ од Босна и Херцеговина, јавува Анадолу.

Во главниот град на Северна Македонија, земја која претседава со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), утре ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи и Самит на шефови на држави и влади на учесниците во ПСЈИЕ, на кој ќе учествуваат делегациите на 13 учесници во Процесот, претставници на Европската Унија и на Регионалниот совет за соработка (РСС).

Министерот во заминување Османи истакна дека постигнатиот договор за избор на генерален секретар на РСС е „уште еден голем успех на меѓународен план на нашата дипломатија“.

Тој објасни дека во Процесот имало пет кандидати и спротивставени ставови од земјите учеснички, додавајќи дека ова е голем успех и за РСС бидејќи во последните три години имало вршител на должноста генерален секретар.

„По три години, три претседавања и многу обиди да се избере генерален секретар на Советот за регионална соработка, еве имам задоволство да најавам дека денес во Скопје има ‘бел дим‘ на состанокот на политички директори на 13 земји учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа и избран, односно номиниран со унанимност е кандидат за генерален секретар на РСС, а тоа е господинот Амер Капетановиќ од Босна и Херцеговина“, рече Османи.

Тој додаде дека Северна Македонија завршува со уште едно успешно претседавање со меѓународна иницијатива, кое започна во јули 2023 година под мотото „Премостување поделби, градење на доверба“.

Османи, исто така, најави дека на состанокот на шефовите на држави, на кој домаќин ќе биде претседателката Гордана Силјановска Давкова, очекува да се усвои заедничка декларација на 13 земји и да се констатира одлуката на политичките директори.

ПСЈИЕ е регионална иницијатива во која членуваат 13 земји: Северна Македонија, Туркије, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија, Србија, Хрватска, Молдавија, Црна Гора, Словенија и Косово.

Иницијативата има цел да создаде атмосфера на доверба, добрососедски односи и стабилност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Курти: Војската на Косово никогаш не била поголема и повооружена од денес

Следно

Фоторепортерот Јуриј Козирев гостин на „Istanbul Photo Awards Talks“

Latest from Blog

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните
Go toTop