Помагањето на сиромашните стана голем бизнис

June 12, 2024
1 min read

Во 1964 година, американскиот претседател Линдон Б. Џонсон објави „безусловна војна против сиромаштијата“ и оттогаш, федералните трошоци за иницијативи против сиромаштијата постојано се зголемуваа.

Федералната влада во моментов  посветува стотици милијарди долари годишно на програми за Американци со ниски примања, вклучувајќи субвенции за домување, бонови за храна, социјална помош и даночни кредити за работнички сиромашни семејства.

Во сите тие години таквото трошење направи доста добри работи, па сепак, никој не би рекол дека Америка ја доби војната против сиромаштијата. Една причина: поголемиот дел од парите не одат директно на луѓето на кои би требало да им помагаат. Наместо тоа, се дисперзираат на цела ергела посредници од приватниот сектор.

Почнувајќи од 1980-тите, американската влада агресивно продолжи со приватизацијата на многу владини функции со идеја дека приватните бизниси ќе се натпреваруваат да ги испорачаат овие услуги поевтино и поефикасно од куп мрзливи бирократи.

Резултатот е профитабилен и политички моќен збир на индустрии кои се напојувани од владините програми и нивните пари против сиромаштијата и притоа нивниот бизнис модел зависи од постоењето сиромаштија. Накратко, се богатат од нечија сиромаштија.

Денес такви приватни изведувачи водат државни програми на Медикеид, даваат обука за работа на примателите на социјална помош и дистрибуираат бонови за храна.

„Лошо дизајнираните политики против сиромаштијата создадоа екосистем на бизниси кои не склучуваат договор директно со владата, но зависат од кратење на придобивките што ги добиваат сиромашните Американци. Овие индустрии ги нарекувам „Сиромаштија АД“. Ако некој ја добива Војната против сиромаштијата, тоа се тие“, пишува Ен Ким во Атлантик.

На пример, за да се квалификува човек за некоја државна бенефиција, најпаметно е да се плати упатен сметководител, паметно да ја срочи даночната пријава. Само во Мериленд, на такви зналци во една година биле потрошени 50 милиони долари. Тоа се 50 милиони долари помалку за храна, кирија, отплата на студентски долгови…

Пополнувањето даночни пријави е само еден бизнис модел кој се храни од парите за сиромаштијата. Постојат фирми за недвижнини кои управуваат со имот исклучиво за станари кои добиваат федерални субвенции за домување и стоматолошки ординации кои се грижат првенствено за сиромашните деца на МедикЕид.

Друга дивизија на „Сиромаштија АД“ се изведувачите кои се директно платени за да даваат услуги во име на владата.

Една таква компанија, Медикус, која го менаџира системот за социјална помош, лани пријавила бруто профит од 1 милијарда долари. Нејзиниот директор има годишна плата и бонуси од 7 милиони долари.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Бубало за Студио 10: Да се почитуваат мерките за топлото време дадени од министерството за здравство

Следно

ИГОР КИРОВ УТРЕ ИМА ПРЕМИЕРА НА БАЛЕТОТ „БАНОВИЌ СТРАХИЊА“ ВО БЕОГРАДСКО НАРОДНО ПОЗОРИШТЕ

Latest from Blog

Како да се од некоја друга планета: БРИЛИЈАНТНА Франција!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Франција – Шведска 3:0. Уште едно блескаво, фантастично, брилијантно издание на „Триколорите“. Оваа Франција како да е од некоја друга планета.Оваа Франција е моќна, моќна. Вистински празник е за фановите да

Нетанјаху: Израел нема да се повлече од јужен Либан сè додека Хезболах е закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник ја посети либанската територија окупирана од израелската армија, велејќи им на војниците дека Израел нема да се повлече од југот на земјата сè додека Хезболах, групата

Новаковски: Со Изборниот законик се поигруваме со години, а препораките на ОБСЕ/ОДИХР стојат од 2008

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски, во гостувањето во „Топ Тема“ упати сериозни критики кон начинот на кој се менаџираат измените во изборното законодавство во Македонија. Според него, државата веќе

Нов скандал во Италија: Бастони под истрага поради детска проституција

ФОТО:facebook.com/Inter Нов голем скандал го тресе италијанскиот фудбал, а фокусот е на ѕвездата на Интер, Алесандро Бастони, кој е под истрага за детска проституција. Веста ја објави најугледниот италијански весник „Газета дело

Тежок пораз за Трамп

Трамп ја потпиша оваа наредба на првиот ден од неговото враќање на функцијата во јануари минатата година, кога започна нова кампања против нелегалната имиграција. Целта на наредбата беше да се одземе американското
Go toTop