Ова растение треба да го има во секоја куќа: Носи среќа и пари, но мора да бидете внимателни

June 11, 2024
1 min read

Ова е едно од најпопуларните растенија за во затворен простор, расте брзо и лесно, а долго трае, но има една работа на која треба да внимавате доколку го украсува и вашиот дом.

Дрвото на пари (лат. Crassula ovata) е домашно растение кое лесно се одржува, а се верува дека носи среќа и пари.

Красула треба да биде поставена во близина на влезната врата бидејќи се верува дека носи пари во куќата.

Ова растение е познато и како растение на пријателството, па затоа често се подарува на саканите, верувајќи дека на тој начин му покажувате благодарност на пријателот, на тој начин им покажувате дека сакате да го споделите богатството со нив.

Се состои од гранки кои личат на мали стебла и месести, овални лисја. Токму поради тоа што се смета за симбол на среќа, дрвото на пари е одличен избор за подарок.

Ова растение се нарекува и јапонско или кинеско дрво на пари.

Ова се растенија кои припаѓаат на родот Crassula и може малку да се разликуваат едно од друго. Најпопуларен вид е Crassula ovata.

Како да се одржува растението?

Бидете внимателни доколку имате мачка или куче. Дрвото на пари треба да биде поставено далеку од нив, бидејќи сите делови од растението се токсични за животните.

Дрвото на пари треба редовно да се полева, но треба да внимавате да не го полевате премногу често. Почвата во која се наоѓа дрвото не смее целосно да се исуши, па најдобро е да ја полевате кога ќе почувствувате дека горниот слој на почвата е сув под прстот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хантер Бајден осуден, можни 25 години затвор

Следно

Усеин Болт сериозно се повреди на фудбалски натпревар

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop