Палестинците копаат бунари при алармантен недостиг на вода поради израелските напади врз Газа

June 9, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Појасот Газа, кој е под немилосрдни израелски напади од 7 октомври минатата година, се соочува со алармантен недостиг на вода поради целосната блокада наметната од израелските сили, јавува Анадолу.

Жителите на градот Газа, кои со месеци се борат за пристап до чиста вода, сега прибегнуваат кон копање на сопствени бунари, користејќи секаков алат што го имаат на располагање.

Бегалскиот камп „Ал Шати“, кој се наоѓа во западниот дел на градот, е особено тешко погоден од кризата. Без постојан извор на вода, жителите на кампот беа принудени да најдат алтернативни начини за задоволување на своите основни потреби.

Бидејќи на конфликтот не му се назира крајот, ситуацијата од ден на ден станува сѐ покритична.

Палестинските жители на кампот, главно жени и деца, чекаат уморни и жедни, надевајќи се дека ќе најдат извор на чиста вода.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во Газа загинати се повеќе од 36.800 Палестинци, од кои повеќето жени и деца, а над 83.600 се повредени.

Осум месеци по почетокот на израелската војна, големи делови од Газа се во урнатини, додека блокадата на храна, чиста вода и лекови продолжува.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новинарот на Би-Би-Си кој исчезна на грчки остров пронајден мртов

Следно

МВР: 120 санкционирани возачи во Скопје

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop