Ќе се сруши ли империјата за концертни билети?

June 6, 2024
1 min read

Заради доминантната улога на Тикетмастер, сè поскапо е да го видиш својот омилен бенд/пејач/пејачка. Им се може. Откако во 2010 година беше купен од Live Nation, најголемиот поседувач на концертни сали во светот, тие без усул додаваат арач на картите од што корист имаат само тие, не и артистите кои ја прават забавата. 

Долга е листата на фанови кои беа огорчени од цената на билетите. Оние на Тејлор Свифт дигнаа најголема џева (бидејќи најмногу ги има), оние на корејската супергрупа БТС пробаа да организираат и масовно поднесување поплаки на потрошувачи… Но, битката не е нова. Поради огромната пазарна моќ на Тикетмастер, против нив, уште во 1994 година, во американскиот Конгрес сведочеа Перл Џем.

Но, сега, поточно кон крајот на мај, департментот за правда, заедно со 30 сојузни држави поднесоа тужба против нив. 

Ќе се преиспитува и самото нивно спојување, кое своевремено доби зелено светло. Ќе се преиспитува дали ги кршат антимонополските закони и дали ја злоупотребуваат својата доминантна пазарна моќ.

Тicketmaster- Live Nation себе се опишуваат како „најголемата компанија за забава во живо во светот“, „најголемиот производител на концерти со музика во живо во светот“ и „водечката светска компанија за продажба и маркетинг на билети за забава во живо“.

Според податоци од тужбата, тие контролираат приближно 60% од концертните промоции на големите концертни места, над 265 места за концерти (вклучувајќи над 60 од најдобрите 100 амфитеатри во САД) и приближно 80% од примарните билети за концерти на големите концертни места.

Ексклузивните договори меѓу компаниите за издавање билети и концертните сали се главниот механизам за уцени и дигање на цените. Департментот го обвинува Тикемастер дека ги присилува да  потпишуваат повеќегодишни ексклузивни договори, користејќи „морков“ (плаќање однапред) и „стап“ (губење пристап до шоута на LIve Nation).

Министерството за правда вели дека Тикетмастер веќе и не треба експлицитно да ја соопштува ваквата закана, бидејќи неговата „репутација и историја на одмазда се добро познати“.

Муабет на таа тема има на Јакобин.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судиите Исамедин Лимани и Александар Камбовски избрани за нови членови на Судскиот совет

Следно

ФОТО: Гвардиола му „држи лекции“ на тренерот на Бостон пред финалето во НБА

Latest from Blog

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клуч за економски развој и регионално поврзување

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Перез: Против нас се водат планирани напади, нема да си одам, останувам претседател!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, објави дека нема намера да ја напушти функцијата. 79-годишниот функционер, исто така, ги негираше извештаите дека има сериозна болест. „Многу ми е жал што морам да
Go toTop