Израел: Нема одговор од Хамас на предлогот за прекин на огнот во Газа

June 6, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израел денес истакна дека не добил официјален одговор од Хамас во врска со предлогот за прекин на огнот во Газа и размена на заложници, пренесува Анадолу.

„Сè уште не добивме официјален одговор од Хамас во врска со нашиот предлог“, соопшти израелската јавна телевизија КАН, цитирајќи израелски официјален претставник.

Минатата недела американскиот претседател Џо Бајден рече дека Израел претставил трифазен договор со кој ќе се стави крај на непријателствата во Газа и ќе се обезбеди ослободување на заложниците што се држат во крајбрежната енклава. Планот вклучува прекин на огнот, размена на заложници и затвореници и обнова на Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот изјави дека „не е подготвен да стави крај“ на војната во Газа, нарекувајќи ги изјавите на Бајден за предлогот за прекин на огнот „неточни“.

Индиректните разговори меѓу Израел и Хамас со посредство на САД, Катар и Египет досега не успеаја да постигнат договор за траен прекин на огнот во Газа.

Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври и покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во Газа се убиени повеќе од 36.650 Палестинци, повеќето жени и деца, а над 83.300 се повредени.

Осум месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини среде исклучителната блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во Рафа, каде што засолниште од нападите побараа над еден милион Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњуфца: Го поддржувам предлогот Лајчак да го достави статутот на ЗСО до Венецијанската комисија

Следно

Во Истанбул започна 6. Фестивал на културата „Етноспорт“

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани
Go toTop