На Русија ѝ се отвори 25 милијарди долари дупка во буџетот

February 7, 2023
1 min read

Даночните приходи од нафта и гас во јануари се паднати за 46% во споредба со пред една година, додека има раст на потрошувачката од 59% по основа на војната во Украина. Руското министерство за финансии соопштило дека заради комбинација на овие два фактори Русија стигна до јавен дефицит од 1.760 милијарди рубљи (25 милијарди долари).

Откако ЕУ и Г7 решија да го бојкотираат увозот на руска сирова нафта (Урал) и да воведат ограничување на цената, таа сега се тргува по значително пониски цени. Заради лошите резултати веројатно е дека Русија ќе ја смени формулата по која ги оданочува производителите на нафта, која сега вклучува очекувана цена на нафтата, плус очекуван трошок за превоз и осигурување.

„Руската влада работи на нов пристап за ‘давање поголема тежина на алтернативните индикатори за цените за даночни потреби’ соопштуваат од министерството. Ова е затоа што ‘тежината на цената на Урал како објективен индикатор за цената на извозната вредност на руската нафта’ е намален,“ пренесува Блумберг.

Во јануари просечната цена на Урал беше 49,48 долари за барел, што е најниска од декември 2020. За споредба просекот на Брент суровата нафта минатиот месец е 77,82 долари за барел.

Ако минусот приходи од извозот на нафта е очекуван, тоа што го изненадува министерството е падот на данокот од не-енергетски приходи во висина од 28%. За ова министерството во најголем дел вината ја префрла на промените околу ДДВ-то.

Во одделна изјава руското министерство за финансии соопшти дека во јануари продале 3,6 тони злато, како и 2,3 милијарди јуани за покривање на дефицитот. Министерството смета дека и покрај ваквите бројки тоа ќе успее да ги постигне буџетските таргети годинава.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Презентацијата на проектот  „ Создаваме град, градиме иднина!“ на Културно Ехо 

Следно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Пушењето аут, вејпањето ин – како шарените електронски цигари го наоѓаат патот до малолетниците

Latest from Blog

Анџелина Џоли го смени имиџот, фановите се шокирани од новата фризура (ФОТО)

Познатата актерка моментално е во Лондон за снимањето на новиот филм „Anxious People“, а папараците ја фотографираа со светло руса кратка коса, предизвикувајќи изненадување кај нејзините обожаватели, со оглед на тоа што

Се урна авион во Денвер, има загинати

Мал комерцијален авион се урна денес и се запали недалеку од Денвер во американската држава Колорадо, а во несреќата загинаа две лица, објавија американските власти. „Несреќата се случила јужно од аеродромот „Сентенијал“

На 10 септември закажана седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР

На 10 септември е закажана седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ, кое
Go toTop