Израел формира воена единица за заштита на населeните места во близина на Газа

June 5, 2024
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелската армија денес соопшти дека формирала воена единица за заштита на израелските градови во близина на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека церемонијата на основање на единицата за борба против тероризмот ЛОТАР била одржана во понеделникот и дека воената единица е формирана „како дел од лекциите научени од првите истраги на теренот за настаните од 7 октомври“.

„Силите на единицата ќе се состојат од резервни војници, ветерани во елитните единици што живеат во заедници во близина на Појасот Газа или околината и ќе бидат подготвени за активација во тоа подрачје“, се додава во соопштението.

Армијата соопшти дека припадниците на единицата ќе ја поминат обуката.

„Досега стотици војници, кои се во процес на селекција, се пријавиле за првата обука што ќе се одржи наредните недели“, соопшти армијата.

Овој потег доаѓа во време на смртоносната израелска офанзива во Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во Газа се убиени над 36.580 Палестинци, од кои повеќето жени и деца, а повеќе од 83.000 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судењето на осомничениот за масакрот во Мало Орашје и Дубона се преместува од Смедерево во судница во Окружниот затвор во Белград

Следно

Ирачки претставник: Багдад и Анкара продолжуваат со преговорите за решавање на проблемот со терористичката ПКК

Latest from Blog

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува
Go toTop