Гаревски: Градбите во земјава од 2014 година наваму се едни од најсигурните во Европа

February 6, 2023
1 min read

Ваквото уверување директорот на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени Михаил Гаревски го темели на законот од 2014 година, според кој, како што вели, секој објект мора да помине низ Институтот за земјотресно инженерство

Разорниот земјотрес што денеска ја погоди Турција не би требало да ги става во мисла граѓаните во земјава во врска со квалитетот и издржливоста на градбите кои ги имаме кај нас, бидејќи според директорот на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени, Михаил Гаревски, градбите во државава од 2000 година наваму, особено оние од 2014 година досега, се едни од најсигурните градби во Европа.

Ваквото уверување Гаревски го темели врз основа на законот од 2014 година, според кој, како што вели, секој објект мора да помине низ Институтот за земјотресно инженерство.

Додава дека доколку објектот е поголем од 300 квадрати, покрај надзор на проектот, треба и теренски да се направи проверка на самата конструкција, за да се утврди дали се постапува како што треба.

Михаил Гаревски, директор на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени

„Јас правев една анкета преку Институтот и сакав да видам дали скопјани се уште го памтат земјотресот од 1963 година. Имав едно прашање – на кои градби најмногу им верувате. Тие им веруваат најмногу на градбите од 1964 до 1970 година, што воошто не е точно. Градбите, да речеме, од 2000 година наваму, особено од 2014 досега, се едни од најсигурните градби, можам да кажам и во Европа“,

вели Гаревски во гостувањето во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Коментирајќи ја информацијата од Американскиот геолошки институт, според која, градбите кои беа урнати од денешниот земјотрес во Турција биле од неармирани тули, Гаревски вели дека таквата градба не е секогаш главниот фактор за разорноста на земјотресот, туку магнитудата игра најголема улога.

Прашан дали во Скопје или во други градови од земјава има останато вакви градби од тули, Гаревски посочи дека такви градби се останати од периодот пред катастрофалниот земјотрес кој го погоди главниот град во 1963 година.

Сепак, додава тој, по 1964 година практично никој не гради со масивни ѕидови од тула.

Денеска, во временски интервал помал од 12 часа, во Турција се случија два потреси со разорна магнитуда. Првиот земјотрес се случи во текот на ноќта додека луѓето спиеја, а беше со магнитуда од 7,8 Рихтерови степени, што го прави еден од најсилните земјотреси во регионот во изминатиот еден век. Вториот, со магнитуда од 7,7 степени според Рихтеровата скала, се случи во 13:24 часот по локално време.

Вкупниот биланс на жртви во земјотресот во Турција и во Сирија, чиј северозападен дел исто така се соочува со сериозен број на загинати од потресот во соседната земја, сега изнесува повеќе од 2.300 луѓе.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ајде да бидеме хумани: Донирајте за Турција и Сирија на следниот начин!

Следно

Бројот на жртви во Турција и Сирија се искачи на 3 800, ЕУ активира посебен механизм за помош на двете земји

Latest from Blog

Судот во Стразбур им укажа на српските власти дека треба да спречат употреба на звучно оружје

 Европскиот суд за човекови права и укажа на Владата на Србија дека треба да се спречи каква било употреба на звучни уреди за контрола врз граѓани кои се на собир, објавија белградските

Ердоган: Туркије го поздравува ставот на Трамп кој ја зема предвид чувствителноста на земјата

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије го поздравува ставот на Трамп кој ја зема предвид чувствителноста на земјата, додавајќи дека тие двајца се разбираат меѓусебно во

Израел евакуираше неколку градови, побара меѓународна помош за борба против пожарите предизвикани од топлотен бран

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските власти евакуираа неколку населени места и затворија еден од главните автопатишта во централниот дел на земјата поради шумските пожари предизвикани од екстремно високите температури, а Тел Авив побара

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица и управител на правно лице

На 29.04.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица, поранешен директор на јавно комунално претпријатие од Струмица поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично
Go toTop