Пропалестинските протести на Универзитетот во Хелсинки влегоа во втор месец

June 3, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Пропалестинските протести на Универзитетот во Хелсинки во финската престолнина влегоа во втор месец, јавува Анадолу.

Започнат од страна на студентите во мај, протестот и понатаму трае и покрај одлуката на универзитетската администрација да ги суспендира договорите за размена на студенти со израелските универзитети.

Студентите продолжуваат да ја изразуваат својата солидарност со Газа во кампот поставен пред главната зграда.

Универзитетот соопшти дека одборот и ректорот се шокирани од бројот на цивилни жртви во војната меѓу Израел и Хамас и ги повика инволвираните страни да спречат геноцид во согласност со одлуките на Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Холандија.

Израел започна напади врз Појасот Газа како одмазда за прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во израелските напади загинати се повеќе од 36.400 Палестинци, повеќето жени и деца, а над 82.600 се повредени.

Огромни делови од Газа се во урнатини среде исцрпувачката израелска блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што засолниште од војната најдоа над еден милион Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анкета во Грција: Нова демократија ќе биде убедлив победник на евроизборите в недела

Следно

Кекеновски за „Студио 10“: Новата власт сериозно и безкомпромисно да се бори против криминалот и корупцијата

Latest from Blog

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на

Рударството е ‘рбетот на суверенитетот“: Бугарија се фали со ново наоѓалиште на бакар, Македонија го остава неискористен потенцијалот на Иловица

Додека Бугарија објавува ново значајно златно-бакарно откритие во близина на рудникот Челопеч, во Северна Македонија и натаму останува неискористен потенцијалот на веќе истражениот проект „Иловица – Штука“. Лабораториските анализи на новото бугарско

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски
Go toTop