Америка уште рано блокирала мировен договор меѓу Украина и Русија

February 6, 2023
1 min read

Поранешниот премиер на Израел, Нафтали Бенет тврди дека САД и западните сојузници ги блокирале неговите обиди за ставање крај на војната помеѓу Русија и Украина, уште во нејзината рана фаза.  

Уште лани во март се сретнал со Путин и Зеленски, што било координирано со САД, Франција, Германија и Велика Британија.  

Двете страни се согласиле на сериозни концесии. Русите прифатиле да се откажат од „денацификацијата“ како услов за прекин на огнот, а под неа Москва секогаш подразбирала и отстранување на Зеленски. Путин им гарантирал дека нема да го убива украинскиот лидер. 

За возврат, Зеленски се откажал од идејата за влегување во НАТО, што беше и првична причина за руската инвазија. 

Извештаите од тоа време навистина сугерираа дека и двете страни ги омекнуваат своите ставови и дека барањата на Путин се тешко прифатливи за Зеленски, но не и толку екстремни како што очекувал. Предлогот не вклучувал промена на режимот во Киев и дозволува Украина да го задржи суверенитетот.  

Бенет вели најагресивен став имал Борис Џонсон, додека Макрон и Шолц биле попрагматични. Американскиот претседател навидум ги прифаќал двете позиции. 

Сепак, во крајна линија, западните лидери решиле да ги саботираат напорите на Бенет и „да продолжат да маваат по Путин а не да преговараат со него.“

Објаснувајќи ја неговата одлука да биде медијатор, Бенер рече дека не е во интерес на Израел да зазема страна во војната потсетувајќи на честите израелски воздушни удари во Сирија. Русите таму имаат противвоздушен одбрамбен систем S-300. 

„Само да стиснат копче, израелските пилоти ќе испопаѓаат“, вели Бенет. 

Неговите напори не беа единствени. Нешто подоцна, двете страни се сретнаа во Истанбул, и се чинеше дека е можен некаков договор. И таа шанса пропадна заради западниот притисок. Борис Џонсон во април го посети Киев и отворено му сугерираше на Зеленски да не преговара со Русија. 

Според украинска Правда, Џонсон дал до знаење дека дури и Украина да е подготвена да потпише договор со Русија, нејзините западни сојузници не е подготвен за тоа. 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Објавено француско издание на есеите на Горан Стефановски, насловено „Пофалба на обратноста“

Следно

Инекција која те напалува

Latest from Blog

Анџелина Џоли го смени имиџот, фановите се шокирани од новата фризура (ФОТО)

Познатата актерка моментално е во Лондон за снимањето на новиот филм „Anxious People“, а папараците ја фотографираа со светло руса кратка коса, предизвикувајќи изненадување кај нејзините обожаватели, со оглед на тоа што

Се урна авион во Денвер, има загинати

Мал комерцијален авион се урна денес и се запали недалеку од Денвер во американската држава Колорадо, а во несреќата загинаа две лица, објавија американските власти. „Несреќата се случила јужно од аеродромот „Сентенијал“

На 10 септември закажана седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР

На 10 септември е закажана седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ, кое
Go toTop