Фајзергејт ја откри вистинската природа на ЕУ

May 31, 2024
1 min read

Додавајќи бензин на оганот, Њујорк Тајмс подоцна објави дека Фон дер Лајен лично преговарала за договорот преку серија текстуални пораки и повици со извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (види: Првиот човек на Фајзер се уфуфка од сведочење).

Оттогаш, „Фајзергејт“ прерасна во еден од најголемите скандали во историјата на ЕУ.

Фон дер Лајен и Комисијата  одби да ги предаде текстуалните пораки – не само на новинарите, туку дури и на Омбудсманот на ЕУ и Судот на ревизори на ЕУ (види „ЕУ не може да ги најде пораките со кои се договорени 1,8 милијарди Фајзер вакцини“)

Канцеларијата на европското јавно обвинителство, независно тело на ЕУ одговорно за истрага и гонење финансиски криминал, кон крајот на 2022 година сепак отвори истрага за процесот на набавки во пандемијата (не конкретно за Фајзергејт).

Во април 2023 година, Фредерик Балдан, белгиски лобист специјализиран за трговски односи меѓу ЕУ и Кина, поднесе тужба против фон дер Лајен пред судот во Лиеж, обвинувајќи ја за злоупотреба на службената положба, уништување јавни документи, незаконски интереси, корупција…. Набргу потоа, лобистската акредитација на Балдан беше повлечена од Европскиот парламент, но Унгарија и Полска се приклучија на тужбата.

На почетокот на овој месец, сослушувањето на фон дер Лајен мистриозно беше одложено за декември.

Нејасно е дали обвинителството навистина го истражувало случајот. Адвокатката на Балдан, ги посетила неговите  канцеларии во Брисел и Луксембург за да побара копија од документите за случајот, што е  стандардна процедура од правна гледна точка. Не само што ѝ било кажано дека нема такво досие, туку и во двата наврата било повикано обезбедувањето.

„Иако помина година и пол откако ја отворија својата истрага, сè уште никој не е обвинет“, потсетува таа.

Вистина е дека обвинителството доста неволно се зафати со случајот па долго се дебатираше околу јурисдикцијата, за сега најмногу да се зборува за евентуалното одземање на имунитетот на Урсула при што постои парадоксална ситуација: имунитет одзема Колеџот на комесари а со него вообичаено претседава – Урсула фон дер Лајен. 

Фајзергејт не е единствениот случај кој фрла сомнеж во политичката независност на европското јавно обвинителство. Лани, владата на италијанската премиерка Џорџа Мелони успеа за обвинител да инсталира човек кого независната комисија на судски експерти го рангираше како последен од сите кандидати.

Сите овие случаи укажуваат на целосен недостаток на одговорност на ЕУ политичарите и системот како таков: и покрај сите судови и тела во чии раце беше Фајзергејт, ниту еден не успеа да ја натера фон дер Лајен да предаде СМС пораки. Можеби не треба да се чудиме. На крајот на краиштата, Фајзергејт не е изолиран инцидент, туку одраз на вистинската природа на ЕУ: рај во кој каде што неизбрани политичари и корпоративни моќници можат да се дружат далеку од љубопитните очи, без ограничувања од ‘застарени концепти’ како што се транспарентноста и владеењето на правото“, пишува Томас Фази.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во завршна фаза преговорите за новата влада, не се откриваат имињата на министрите

Следно

Истанбул ќе гори-Мурињо потпишува за Фенербахче

Latest from Blog

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,

Премиерот Мицкоски утре на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“

Утре 10.02.2026 година (вторник) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е
Go toTop