„Израел нема да ја заврши војната во Газа дури и ако Хамас ги ослободи сите заложници“

May 31, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската Влада нема да ја прекине војната во Газа дури и ако Хамас ги ослободи сите заробеници од 7 октомври, изјави советникот за национална безбедност Цачи Ханегби, пренесува Анадолу.

Изјавите на Ханегби беа упатени на состанокот со семејствата на израелските заложници. Тој рече дека „првата фаза“ од договорот за враќање на заложниците, класифицирана под хуманитарни причини, може да биде постигната наскоро, според телевизијата „Канал 12“ и дневниот весник „Тајмс оф Израел“.

Ханегби им кажал на семејствата дека: „Оваа влада нема да донесе одлука за прекин на војната за враќање на сите заложници“.

Тој, наводно, го признал и недостатокот на алтернативен план доколку заложниците не бидат вратени во очекуваната временска рамка.

„Ако заложниците не се вратат во рок од неколку недели или неколку месеци, немаме алтернативен план. Ќе продолжиме да се бориме во Газа и на северот и потоа ќе извршиме преоценка“, рече тој.

Хамас го прифати предлогот за прекин на огнот подготвен од Египет и Катар, претходно овој месец, но Израел го отфрли и одлучи да започне копнена офанзива во јужниот град Рафа.

Израел бара привремен прекин на огнот додека е воено присустен во Газа, додека Хамас инсистира на завршување на војната, повлекување на израелските трупи, дозволувајќи им на раселените Палестинци да се вратат во своите области и испорака на доволни количини хуманитарна помош како дел од каков било договор за размена на затвореници.

Палестинските фракции, меѓу кои и Хамас и Исламски џихад, заробија околу 239 лица, според проценките на израелските медиуми, за време на ненадејниот упад врз воени локации и населби во непосредна близина на Газа на 7 октомври минатата година.

Израел вели дека 121 од овие заробеници се во Газа, додека Хамас на 26 мај соопшти дека заробил повеќе израелски војници за време на операцијата во Газа, без да открие конкретен број. Тврдењето беше отфрлено од страна на Израел.

Со медијација на Катар, Египет и Соединетите Американски Држави (САД), Хамас и Израел со месеци се во индиректни преговори, со цел да постигнат договор за размена на заложници и ставање крај на војната во Газа.

Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Газа по упадот на Хамас на 7 октомври, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Оттогаш, повеќе од 36.200 Палестинци се убиени во Газа, огромно мнозинство се жени и деца, а речиси 81.800 се повредени, според локалните здравствени власти.

Речиси осум месеци од почетокот на израелската војна големи делови од Појасот Газа се во урнатини, а владее и блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од еден милион раселени Палестинци побараа засолниште.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Прво Национално првенство во ватерполо во Скопје по цели 20 години

Следно

Турскиот претседател и унгарскиот премиер разговараа за билатералните односи и глобалните прашања

Latest from Blog

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop