ОН: Во училиште во Деир ал-Балах во страшни услови живеат над 16.000 раселени Палестинци

May 30, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Од Обединетите нации (ОН) информираат дека повеќе од 16.000 раселени Палестинци живеат во страшни услови во училиште во Деир ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу.

Во соопштението на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) се укажува на борбата за опстанок на Палестинците кои се раселени во Појасот Газа.

Со соопштението се објавени и фотографии од училиштето во кое живеат палестинските семејства.

„Во моментов повеќе од 16.000 луѓе живеат во ова училиште на УНРВА во Деир ал-Балах. Семејствата живеат во училници, ходници и импровизирани засолништа од пластика. Условите за живот се ужасни, ресурсите се дефицитарни, просториите за лична хигиена се неадекватни, а материјалите се исклучително ограничени“, се наведува во соопштението.

Израелските сили од 7 октомври минатата година спроведуваат континуирани напади врз Појасот Газа во кој присилно се раселени околу два милиона жители од вкупната популација од околу 2,3 милиони.

Во израелските бомбардирања и гранатирања врз Појасот Газа досега се убиени најмалку 36.224 Палестинци, вклучително 15.328 деца и 10.171 жени, а ранети се 81.777 лица.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти, да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа и веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град на југот на Појасот Газа, во кој засолниште побараа повеќе од еден милион раселени Палестинци.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најтешко се заљубуваат: Овие четири знаци од Зодијакот не се освојуваат лесно

Следно

Сопартијците ќе бараат одговори и одговорност од молчаливите пратеници на СДСМ

Latest from Blog

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на
Go toTop