Пакета обвинет за наводно кршење на правилата на обложување, еве кои се спорните натпревари

May 23, 2024
1 min read

Бразилскиот играч од средниот ред на Вест Хем Јунајтед, Лукас Пакета (26) е обвинет денеска од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) за четири наводни прекршувања на правилата на обложување.

Бразилскиот репрезентативец е обвинет дека намерно побарал да му биде покажан картон на четири натпревари во Премиер лигата во 2022 и 2023 година.

Спорни се натпреварите на Вест Хем против Лестер (12 ноември 2022 година), Астон Вила (12 март 2023 година), Лидс Јунајтед (21 мај 2023 година) и Бурнемаут (12 август 2023 година).

ФА тврди дека Пакета „се обидел да влијае на исходот, однесувањето или кој било друг аспект или појава на тие натпревари со намерно барање да биде санкциониран со картон од судијата со цел да влијае на обложувањето и едно или повеќе лица од тоа да профитираат“.

Англиските медиуми пренесуваат дека ФА потрошила речиси девет месеци истражувајќи ги сомнителните обложувачки активности околу четирите картони што ги доби Пакета.

Бразилецот негираше дека е виновен.

„Исклучително сум изненаден и вознемирен што ФА одлучи да ме обвини“, порача Бразилецот во објава на социјалните мрежи.

„Девет месеци соработував во секој чекор од нивната истрага и ги давав сите информации со кои располагав. Ги отфрлам сите наводи во целост и ќе се борам со секој здив да го исчистам моето име. Поради тековниот процес нема да давам дополнителни коментари“, додаде Пакета.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„МОЈАТА СРЕЌА Е ТУКА“ – Душко Тошиќ конечно објави убави вести, Карлеуша одамна не е во „игра“! (ФОТО)

Следно

Само за обожавателите на ХОРОР: Погледнете ја најавата за новиот филм со Николас Кејџ (ВИДЕО)

Latest from Blog

Вкупниот промет на Македонската берза над 21,4 милиони денари, МБИ10 порасна 2,60 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.044,58 поени. Во однос

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај

Нетанјаху тужи новинари и медиуми

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел поради извештаи во кои се тврди дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас
Go toTop