Иран: Десетици илјади на испраќањето на Раиси и Абдолахијан во Табриз

May 21, 2024
1 min read

ТАБРИЗ (АА) – Десетици илјади луѓе присуствуваат на комеморацијата и на испраќањето на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хусеин Амир-Абдолахијан и други официјални лица што загинаа во хеликоптерската несреќа, јавува Анадолу.

Раиси ќе биде погребан во четврток во североисточниот град Машхад.

Хеликоптерот во кој се наоѓаа иранскиот претседател Раиси и министерот за надворешни работи Хусеин Амир-Абдолахијан, гувернерот на Источен Азербејџан, Малик Рехмати, и водачот на петочната молитва во Табриз, имамот ајатолах Ал-Хашем, се урна во неделата поради временските услови на враќање од церемонијата за отворање брана на границата со Азербејџан. Подоцна беше потврдено дека нема преживеани во несреќата.

Мухамед Мохбер, првиот потпретседател на Иран, е именуван за вршител на должноста претседател вчера, по потврдувањето на смртта на Раиси.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Работа во мрежата за ширење дезинформации во Бугарија

Следно

Судија или обвинител – Професии со „пресметан“ ризик

Latest from Blog

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот

ЈКП “Комуналец“ – Прилеп продолжува со уредување на зеленилото во градот

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зелените површини

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Усвоено: Путин ќе може да нападне која било земја во светот? СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ ОСЛОБОДУВА РУСИ ПРИВЕДЕНИ ВО СТРАНСТВО

Во среда, рускиот парламент донесе закон со кој му се дозволува на претседателот Владимир Путин да нареди инвазија на странски земји. Според законот, Москва законски ќе може да испраќа војници во странство
Go toTop