Најмалку 284 загинати и 2.323 повредени во земјотресот што ја погоди Туркије

February 6, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 284 лица загинаа, а 2.323 се повредени во десет турски области од силниот земјотрес што утрово ги погоди јужните делови на Туркије, изјави турскиот потпретседател Фуат Октај, јавува Анадолу.

„Во земјотресот срушени се вкупно 1.710 згради“, рече Октај на прес-конференција.

Епицентарот на земјотресот е регистриран во округот Пазарџик во турски Кахраманмараш, а потоа уследија 50 последователни потреси на тлото, од кои најсилниот со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала.

Од земјотресот тешко се погодени и областите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис.

Земјотресот е почувствуван и во соседна Сирија каде загинаа најмалку 427 луѓе, а стотици се повредени. Потресот се почувствува и во Ирак, Либан, Египет и други региони.

„Претседателот Реџеп Таип Ердоган ги следи и управува со случувањата од моментот на земјотресот“, рече Октај.

Тој додаде дека аеродромот во Хатај во моментов е затворен за летови, нагласувајќи дека се затворени и Кахраманмараш и Газиантеп за цивилни летови.

Ердоган на Твитер изрази сочувство до граѓаните погодени од земјотресот и додаде дека ангажирани се Управата за вонредни состојби на Туркије (АФАД) и други државни институции и агенции.

Напомена дека спасувачките екипи веднаш се испратени во подрачјата погодени од земјотресот.

Во операциите за пребарување и спасување ангажирани се сите надлежни служби на Република Туркије, а во подрачјата погодени од земјотресот пристигнуваат релевантни екипи од сите делови на Туркије. Преку Министерството за надворешни работи, Туркије побара меѓународна помош во областа на потрага и спасување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

ТУРЦИЈА ВО КОЛАПС – откажани стотици авионски летови кон Истанбул!

Следно

Почна средбата на приватните превозници во Град Скопје

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop