Зеленски: Украина е подготвена да и помогне на Турција по земјотресот

February 6, 2023
1 min read

Во овој момент стоиме со луѓето на пријателски начин и сме подготвени да ја пружиме потребната помош за надминување на последиците од земјотресот, напиша Зеленски на Твитер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е подготвена да и ја обезбеди потребната помош на Турција по земјотресот што ја погоди утринава.

„Шокиран сум од веста за смртта и стотиците повредени по земјотресот во Турција. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во овој момент стоиме со луѓето на пријателски начин и сме подготвени да ја пружиме потребната помош за надминување на последиците од земјотресот“,

напиша Зеленски на Твитер.

Рано утрово јужна Турција беше погодена од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа стотици луѓе, а многу други беа повредени.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Фото: Скопската зоолошка доби нови жители

Следно

ИСТОРИСКАТА ТВРДИНА СТАРА 2.200 ГОДИНИ СРАМНЕТА СО ЗЕМЈА – земјотресот го уништи Газиантеп, еве како изгледал претходно (ВИДЕО)

Latest from Blog

Календар на МПЦ: Утре се прославуваат овие светители

Преподобен Пимен Велики Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела. Еднаш Пимен измоли од Старецот Павел да го однесе
Go toTop