Ројс ќе ја води Борусија со капитенската лента на последниот натпревар пред своите навивачи

May 17, 2024
1 min read

Марко Ројс ќе биде капитен на Борусија Дортмунд на неговиот последен домашен натпревар со клубот во сабота против веќе испаднатиот Дармштад.

Како што е познато, ветеранот ќе го напушти клубот на лето откако нема да му биде обновен договорот. Со своето време во академијата на Борусија, офанзивниот играч за врска помина вкупно повеќе од 21 година во клубот, а претходно и капитен на тимот.

-Марко ќе биде во стартните 11 во сабота и ќе го води тимот како капитен. Сфаќате колкава љубов добива. Тоа го немаат многу играчи, додаде Терзиќ.

Марко Ројс двапати го освои германскиот куп со Борусија Дортмунд и може да ја додаде титулата во Лигата на шампионите доколку тимот го совлада Реал Мадрид во финалето на турнирот на 1 јуни во Лондон.

Екипата од Дортмунд веќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, но за прв пат по девет години ќе ја заврши сезоната надвор од најдобрите четири во Бундеслигата.

-Сезоната ја замисливме на поинаков начин и не сме задоволни со петтото место, призна тренерот на Борусија.

Един Терзиќ, исто така, не криеше дека дефанзивецот Матс Хумелс е разочаран од одлуката на германскиот национален селектор да го остави надвор од составот за ЕП 2024. Селекторот рече дека шампионот од Светското првенство во 2014 година со Германија сега е насочен кон финалето на Лигата на шампионите, што е неговата последна цел сезонава.

-Почувствував дека одлуката влијаеше на Матс и тој беше многу разочаран. Тој ме увери дека веќе размислува за нашата последна цел и ќе направи се што е можно за да ја постигнеме. Апсолутно би било заслужено доколку биде во тимот за Европското првенство. Но, одлуката не е наша, изјави тренерот на Борусија Дортмунд.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Управниот суд ја одби првата жалба од Европскиот фронт

Следно

Продолжен за една недела рокот за попис на населението во Косово – требаше да заврши денеска

Latest from Blog

Огромен скандал во Србија… пораки преку Скај апликацијата за ликвидација на Немања Видиќ!!!

Ужасни вести доаѓаат од соседна Србија каде што очигледно никако да се научи лекцијата дека мафијашки ликвидации и функционирање на таков начин носи само хаос и ништо друго. Порталот „КРИК“, и меѓународната

Коњановски: Прва средба со новиот бугарски конзул во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет оствари средба со новиот генерален конзул на Република Бугарија во Битола, Петар Петров. На средбата, Коњановски го запознал конзулот со личната карта на

Низ Европа се шири нова инфекција: Болест од коњи и говеда почна да се пренесува меѓу луѓето!

Здравствените експерти предупредуваат дека низ Европа се шири нова инфекција која ја промени досегашната динамика и почна да се пренесува од човек на човек, пред сè преку сексуален и близок физички контакт.

Претседателот Гаши на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во

Проданоски: Отворен Центар за дневен престој на стари лица во Прилеп

Во Прилеп денеска и официјално беше пуштен во употреба Центарот за дневен престој на стари лица за активно стареење, кој ќе обезбедува грижа, поддршка, социјализација и различни активности за повозрасните граѓани. Градоначалникот
Go toTop