Бајден станува поголем Трамп од Трамп

May 15, 2024
1 min read

Џо Бајден ги исполни своите закани и драстично ги зголеми царините на дел од увозот од Кина, што  во САД се третира како составен дел од предизборната војна Бајден-Трамп, но во основа е многу важна порака дека идејата за глобална слободна трговија е дефинитивно мртва.

„Бајден демонстрира ретко видено ниво на предизборно лицемерие, бидејќи самиот почна да води ирационална политика која многу рационално ја исмеваше пред само 4 години, кога ја спроведуваше Доналд Трамп. Потезите на Бајден откриваат длабоки структурни, политички и економски слабости на најголемата светска велесила“, пишува Гојко Дрљача.

За да може да ја вози приказната дека ги штити работните места во американската индустрија, Бајден прогласи нови тарифи од 7 до 100 посто за голема палета кинески производи: на батерии 25% (иста тарифа важи и за челик и алуминиум), на соларни ќелии 50%, на електрични автомобили 100 посто.

Се работи за огромни намети за да се елиминира странската конкуренција. Истите потези на Трамп не вродија со резултат, ниту кога се работи за американскиот трговски дефицит со Кина, ниту кога станува збор за растот на американските долгови. Напротив.

Поради овој трампистички потег на Бајден, зелената агенда драстично изгуби на цена во претседателската трка бидејќи актуелниот претседател ќе мора да објасни зошто најдоброто еколошко решение, електричните коли, сега ќе мора да бидат дупло поскапи ако се од Кина.

Трамп започна некои трговски војни но Бајден наплати многу повеќе тарифи од него: Доналд Трамп 89 милијарди долари, Џо Бајден 144 милијарди.

„Бајден се позиционираше во глобален шампион на назадниот и брутален трговски протекционизам,“пишува Дрљача.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Односите меѓу Атина и Скопје треба да се унапредуваат, а не да назадуваат

Следно

Ѓоковиќ без последици откако беше удрен со шише во главата

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека

Општина Битола: Градот влегува во нова развојна ера со 180 проекти

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот. Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од
Go toTop