Австрија: Лавина усмрти пет лица во алпски ски-центар во Тирол

February 5, 2023
1 min read

ВИЕНА (АА) – Најмалку пет лица загинаа како последица на лавини во неколку скијалишта во австриската покраина Тирол, јавува Анадолу.

Тиролската полиција соопшти дека смртоносната несреќа се случила во зимскиот центар во алпското село Св. Антон ам Арлберг.

Во соопштението се наведува дека животот под лавината го загубиле тројца спортисти на возраст од 29, 33 и 34 години, како и 59-годишен возач и 62-годишен турист.

Обилните снежни врнежи и последователните лавини негативно влијаат на животот во покраините Тирол и Форарлберг на западот на Австрија.

Предупредувањето за опасност вчера беше подигнато на највисоко ниво поради лавини на 30 точки во западниот дел на Австрија.

Во претходните два дена во западните региони од лавини животот го загубија уште три лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Жена и дете пронајдени удавени во Егејско Море откако потонал мигрантски чамец кај грчкиот остров Лерос

Следно

Медиуми: Ливерпул по завршување на сезоната ги продава Салах, Матип и Фирмино

Latest from Blog

Дарио Ивановски победник на полумаратонот во Дубровник

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски триумфираше на денешниот полумаратон во Дубровник, Хрватска. Нашиот натпреварувач го освои првото место со рекорд на патеката од еден час, осум минути и две секунди. На втората позиција

ФФМ: Бевме сведоци на срамен чин – ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар, велат
Go toTop