Петрушевски за Николовски: Или си политички неписмен или работиш на штета на македонските интереси

February 5, 2023
1 min read

Пендаровски и Ковачевски да кажат, дали Љупчо Николовски е дел од структурите кои шират антимакедонско расположение во односите со Бугарија. Неколку часа по јавно објавената понуда од страна на претставник на бугарско здружение, за награда за секој еден кој ќе го каже името на еден од полицајците кој вчера си ја вршеа работата на граничниот премин Деве Баир, Љупчо Николовски напиша фејсбук статус со кој го обелодени неговото име, и го стави на мета на бугарските шовинисти, истакнува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Дали Љупчо Николовски е политички неписмен или свесно го пиша името на полицаецот кој на 4 ти февруари работел на ГП Деве Баир?

Доколку е неписмен, тој треба да си замине од политиката, доколку пак свесно го објавил, исто така треба да си замине зошто работи на штета на сопствената држава.

Николовски за да ја прикрие неговата намера може да каже дека службеникот му е другар, и да вади фотографии или да побара да се фотографира со службеникот, кој достојно си ја вршеше работата, но тоа нема да ја смени реалноста дека или е политички неписмен или работи против македонските интереси.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Киев: Руската војска регрутира жени од казнените колонии во Доњецката област

Следно

Жена и дете пронајдени удавени во Егејско Море откако потонал мигрантски чамец кај грчкиот остров Лерос

Latest from Blog

Синот на Никола Саркози и неговата сопруга со црногорско потекло станаа родители

Тој објави фотографија од својата сопруга Натали како го држи новороденчето во раце во породилното одделение. Заедно со фотографијата, која собра речиси 17.000 лајкови за само неколку часа, тој го откри и

Цвијановиќ: Кризата во БиХ ја предизвика Шмит со недејтонски и неуставни потези

Српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, денеска изјави дека ситуацијата во БиХ – за која високиот претставник за таа земја, Кристијан Шмит, поднесе извештај пред Советот за безбедност

Атлетико се враќа триумфално од Андалузија

За само едно полувреме, Атлетико (М) ја оствари петтата победа сезонава во Ла Лига и остана во ТОП 4 на табелата. Вечерва на тешкото гостување во Андалузија, тимот на „јорганџиите“ славеше со
Go toTop