Нетанјаху: Израел размислува да ја снабди Украина со системот „Железна купола“

February 5, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Израел ја разгедува можноста за снабдување на Украина со својот најсовремен противракетен одбранбен систем „Железна купола“, изјави денес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува Анадолу.

„Прашањето за испорака на оружјето беше разгледано и одбиено од претходната израелска Влада. Ќе го разгледам ова прашање и ќе одговорам на најадекватен начин“, изјави Нетанјаху во интервју за францускиот канал LCI.

Тој, сепак, нагласи дека Израел мора да ги разгледа своите опции и да ги земе предвид своите интереси во регионот.

„Придонесот на Израел веројатно ќе биде во други области“, додаде израелскиот премиер.

Нетанјаху објасни дека Израел ѝ пружил хуманитарна помош на Украина и прифатил голем број украински бегалци.

Нетанјаху за време на неговата изборна кампања вети дека ќе размисли за испорака на оружје за Украина доколку биде избран.

Минатата година, Русија започна војна против Украина, што беше дочекано со меѓународен гнев, поради што Европската Унија, Г-7, САД и Велика Британија, меѓу останатите, воведоа строги санкции за Москва.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како идеолозите се инфилтрираа во американската уметност

Следно

Киев: Руската војска регрутира жени од казнените колонии во Доњецката област

Latest from Blog

Најмалку 19 лица загинаа во рушење на две згради во Мароко

Најмалку 19 лица загинаа, а 16 се повредени при уривањето на две згради во североисточниот марокански град Фес, поранешната престолнина, објави државната новинска агенција. Локалните власти објавија дека две соседни четирикатни згради

Витамин Ц: Седум полезни напивки

Витаминот Ц е есенцијална хранлива материја којашто има многу важни улоги во здравјето. Тој е моќен антиоксиданс, неопходен е за лачењето колаген, имунолошките функции и ја подобрува способноста на телото да апсорбира

Мицкоски: Филипче, Фрчковски и Жерновски нека бараат мигранти кои се дел од договор – ако има јас ќе заминам, ако нема ќе мора да се извинат

Премиерот Христијан Мицкоски денес одговори на новинарско прашање прашан за коментар по изјавите на СДСМ и Филипче за наводен договор за носење мигранти. -Немаат тема. Притисокот е голем врз Венко Филипче да

Мачадо нема да присуствува на доделувањето на Нобеловата награда за мир во Осло

 Венецуелската добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година, Марија Корина Мачадо нема да присуствува на денешната церемонијата на доделување награди во Осло поради заканите од авторитарното раководство на нејзината земја,
Go toTop