На Палестинците им викаа да бегаат на југ, сега и југот се бомбардира

May 11, 2024
1 min read

Повеќе од 150.000 луѓе го напуштија најјужниот град во Газа откако добија предупредувања од израелските одбранбени сили дека следува неизбежна воена операција. Повеќето се преселиле по воздушните напади што започнаа ден-два подоцна.

Бидејќи повеќето од луѓето се навикнати на преселби, во градот не се создала паника, само масовно пакување што може да се земе и напуштање на преполниот епицентар на најновата воена зона за израелската војска.

Последниве недели во Газа пристигнуваше повеќе помош преку граничниот премин Рафа со што се ублажи акутниот недостиг на храна и вода а цените за некои основни потреби паднаа на предвоените нивоа. Но, откако ИД го зазеде и затвори преминот, цените пораснаа: шеќерот, на пример, меѓу 7 и 10 пати повеќе.

Хуманитарните агенции велат дека имаат резерви на гориво за 48 часа а потоа ќе мора да ги затворат виталните пумпи за вода и пекарите што прехрануваат стотици илјади луѓе. Болниците ќе бидат принудени да ги исклучат светлата, да ја ограничат употребата на инкубатори и да ги затворат операционите сали.

Трошоците за изнајмување возило за преселување на семејството се околу 400 долари, што повеќето луѓе не можат да си го дозволат.

Има луѓе и семејства кои веќе се преселувани пет или седум пати.

Обединетите нации, САД и Европа му порачаа на Израел да не гои напаѓа Рафа, некои од нив заканувајќи се дека ќе ја преиспитаат поддршката за операциите ако се нападна градот. Бадијала.

„Кога беше холокаустот, никој не ни помогна. Ако треба и сега да бидеме сами, сами ќе бидеме“, рече Нетанјаху не откажувајќи се од операциите на крајниот југ на Газа.

Досега загинаа околу 35.000 луѓе, повеќето жени и деца а ОН пренесе дека северна Газа е во состојба на комплетна глад.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски: Почнуваат разговорите за соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

Следно

Мбапе: Ќе ја завршиме сезоната со трофеј, збогум Париз

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop