Зеленски: Киев очекува почеток на преговорите за пристап на Украина во ЕУ во јуни

May 10, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Киев очекува почеток на преговорите за пристапување на Украина во Европската Унија (ЕУ) во јуни, јавува Анадолу.

„Активно ја подготвуваме следната фаза на зближување со Европската Унија за јуни – очекуваме усвојување на преговарачката рамка и вистински почеток на преговорите за пристапување на Украина“, рече Зеленски во видеообраќањето доцна синоќа.

Зеленски истакна дека Украина и украинскиот народ го заслужуваат овој чекор, истакнувајќи дека и на ЕУ ѝ е потребен овој чекор не само во политичка смисла туку затоа што „животна крв на Европската Унија е да биде европски проект што не остава никого надвор од ЕУ.“

Европските лидери ѝ доделија на Украина кандидатски статус во јуни 2022 година и се согласија да ги отворат пристапните преговори во декември 2023 година.

„Денес и јас, исто така, бев задоволен што ја слушнав целосната поддршка од нашите европски пријатели за Самитот за мир – благодарен сум му на секој лидер што веќе го потврди своето учество на Самитот и подготвен е да ни помогне ефективно“, рече тој.

Понатаму Зеленски истакна дека лично ги поканил своите колеги од Молдавија, Чешка и Гана, како и премиерот на Ирска на Глобалниот самит за мир во Швајцарија од 15 до 16 јуни.

Минатата недела швајцарското Министерство за надворешни работи објави дека ќе организира Самит за Украина на 15-16 јуни во одморалиштето Бургенсток во кантонот Нидвалден надвор од градот Луцерн, за кој покани над 160 делегации од целиот свет.

На Самитот ќе се дискутира за формулата од 10 точки на Зеленски, која беше претставена на Самитот на Г-20 во 2022 година во Индонезија, а нејзин последен чекор е потпишување мировен договор. Исто така, ќе се фокусира на прашања како што се нуклеарната безбедност и безбедноста на храната и енергијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ договараат нова Влада, други чекаат покана

Следно

Грчките медиуми за изборите

Latest from Blog

8,6 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 10.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.177,56 поени. Во однос

Општина Прилеп: Започна собирањето предлози за наградите „3-ти Ноември“

Општина Прилеп започна со прибирање предлози за доделување на општинските награди и признанија „3-ти Ноември“, како и наградата за животно дело, по повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп – 3 Ноември.

Мбапе двапати одбивал понуди од Манчестер Јунајтед, еве зошто…

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/ Пред да го облече дресот на Реал Мадрид, францускиот напаѓач Килијан Мбапе беше желба на многу европски гиганти, а меѓу најупорните во намерата да го доведат бил Манчестер Јунајтед. Сепак, Мбапе

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Нова инвестиција и до 300 нови работни места се очекуваат во Прилеп со проширувањето на производните капацитети на компанијата WIK во ТИРЗ Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на

Општина Битола: Новата ресурсна соба во „Ѓорѓи Сугарев“ ставена во функција

Во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола денеска беше ставена во функција новата ресурсна соба, наменета за поддршка на учениците и унапредување на инклузивната практика во училиштето. На настанот присуствуваа градоначалникот на Битола
Go toTop