Заедницата на општини со српско мнозинство – пречка на патот на Косово кон Советот на Европа

May 9, 2024
3 mins read

За да го поддржат барањето на Косово за членство во Советот на Европа, западните земји и поставија услов на официјална Приштина: преземање конкретни чекори кон формирање Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО).

Ова за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврдија од германската амбасада во Косово.

„Доставувањето на нацрт-статутот на Заедницата до Уставниот суд на разгледување би бил таков (конкретен) чекор“, се вели во одговорот на амбасадата.

Но, Владата на Косово, на чело со премиерот Албин Курти, на 8 мај го отфрли овој услов со образложение дека тоа нема никаква врска со прием во Советот на Европа, туку дека прашањето на Заедницата е поврзано со дијалогот за нормализација на односите со Србија.

Специјалниот пратеник на Соединетите Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на 8 мај изјави дека постои загриженост оти Косово нема да ги има гласовите за прием во Советот на Европа.

Тој потсети дека неколку земји членки побарале од Косово да ја формира Заедницата и дека тоа се барања кои Меѓународната заедница постојано ги бара.

Бодо Вебер, висок соработник на невладиниот Совет за политика на демократизација од Берлин, смета дека прашањето за членството на Косово во Советот на Европа нема да биде на дневен ред на состанокот на Комитетот на министри за надворешни работи на 16 и 17 мај, кога се очекува да биде донесена и конечната одлука.

„Ова ќе спречи негативно гласање, односно неуспешно гласање“, изјави Вебер за РСЕ.

За да може Косово да стане членка на оваа најголема организација за човекови права во Европа, приемот треба да биде поддржан од најмалку две третини од 46-те земји-членки.

Премиерот Албин Курти на седницата на Владата на 8 мај рече дека неговата Влада нема да го испрати статутот на Заедницата на разгледување до Уставниот суд, бидејќи тој е дел од дијалогот со Србија што се води во Брисел, а не во Стразбур.

Тој својата одлука ја образложи и со фактот дека Србија одби да го потпише договорот за патот кон нормализација на односите, кој двете страни го прифатија во 2023 година.

Европската Унија, која посредува преку дијалог, претходно соопшти дека договорот е правно обврзувачки за и Приштина и Белград, иако не е потпишан.

Курти на 6 мај, по средбата со амбасадорите на земјите од Квинта, најави дека процесот на нормализација на односите со Србија не треба да се меша со прашањето за членството на Косово во Советот на Европа.
Според неговата оценка, Косово ги исполнило сите услови за членство во Советот на Европа, а назначувањето на нови членки е во спротивност со гласањето од 16 април.

Пратениците на Парламентарното собрание на Советот на Европа на 16 април со двотретинско мнозинство го усвоија извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани, со кој се препорачува Комитетот на министри на Советот на Европа да ја прифати апликацијата на Косово за членство во таа организација.

Радио Слобдна Европа се обрати до Претседателството на Косово и Министерството за надворешни работи во врска со новиот услов на западните земји за членство на Косово во Советот на Европа, но одговор не доби.

Косово „падна“ на неформални услови

Бодо Вебер во изјава за РСЕ вели дека Косово „падна“ на неформалните услови на западните земји за членство во Советот на Европа, додавајќи дека вакви политички барања кон официјална Приштина можеле да се очекуваат.

Сепак, тој исто така забележува дека западните земји ги презентирале овие неформални барања прилично доцна.

„Имаме комбинација од самоизмама од Приштина и доцна сигнализација од најважните претставници на Европската Унија“, вели Вебер.

Според него, новонастанатата ситуација може да му наштети на политичкиот дијалог меѓу Косово и Србија и укажува дека минатогодишниот договор за патот кон нормализирање на односите воопшто не ја релаксирал ситуацијата меѓу страните.

Одговорноста, додава тој, е на западните земји.

„Имаше целосна блокада, заострување на односите меѓу Белград и Приштина, меѓу Приштина и косовските Срби, како и меѓу Приштина и Западот“, вели Вебер.

Косово аплицираше за членство во Советот на Европа во мај 2022 година.

На 27 март Комисијата за политички прашања и демократија го одобри извештајот на Дора Бакојани, известувач на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Косово.

На позитивниот извештај му претходеше одлуката на Владата на Косово да му врати 24 хектари земја и шума на православниот манастир Високи Дечани врз основа на одлуката на Уставниот суд на Косово од 2018 година, која со години одбиваше да ја спроведе.

Кога станува збор за Заедницата на општини со српско мнозинство, во извештајот на Дора Бакојани се наведува дека тоа е внатрешно прашање на Косово.

Србија, пак, формираше работна група за координација на активностите на државните органи во врска со „проблемот со приемот“ на Косово во Советот на Европа.

И новоизбраниот премиер на Србија, Милош Вучевиќ, порача дека ќе направи се за да го спречи приемот на Косово во Советот на Европа, иако, како што рече, неговите шанси се мали.

Советот на Европа е основан во 1949 година. Ја штити слободата на изразување и медиумите, еднаквоста и малцинствата во земјите-членки.

Една од директните придобивки на граѓаните на Косово од евентуалното членство во Советот на Европа би бил пристапот до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Што е Заедницата на општини со српско мнозинство?

Формирањето на Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО) беше договорено уште во 2013 година како дел од дијалогот меѓу Косово и Србија за нормализација на односите, кој се води со посредство на Европската Унија.

Потоа во 2015 година беа договорени и принципите кои Уставниот суд на Косово истата година утврди дека не се целосно усогласени со законите на Косово и дека такво нешто може да се направи со статут или подзаконски акт на Владата.

Затоа Косово одби да ја формира Заедницата со образложение дека тоа може да биде штетно за внатрешното функционирање на земјата.

Сепак, западните земји инсистираат да се формира оваа Заедница – која треба да им обезбеди на членовите на српската заедница во Косово одредено ниво на самоуправување. Така, во октомври 2023 година, западните дипломати поднесоа нацрт-статут за формирање на Унијата на Косово и Србија.

Двете страни првично го прифатија овој статут, но премиерот Албин Курти во интервју за Радио Слободна Европа на 19 март рече дека сè уште не го прифаќа.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пленковиќ им ја честита изборната победа на Мицкоски и Силјановска-Давкова

Следно

Израел уби над 34.900 Палестинци во досегашните напади на Појасот Газа

Latest from Blog

Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Собранието на Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ. На средбата беше изразено задоволство од

Стојановски: Приватните превозници го прифатија предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, цената за километар да биде 100 денари!

Мартин Стојановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, денеска истакна дека приватните превозници го прифатиле предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, а цената за километар ќе биде 100

Брисел: Креативните решенија мора да бидат усогласени со заклучоците на Советот

Работиме на изнаоѓање решение за Северна Македонија да оди напред во втората фаза од преговорите со ЕУ. Не сакаме Северна Македонија да биде оставена назад. Сепак, креативните решенија мора да бидат усогласени

Јакнење на македонско-британската соработка во делот на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон и со британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон. На средбата

Македонија со скок на новата ФИФА ранг-листа

Македонската фудбалска репрезентација забележа скок од две места на ФИФА ранг-листата. Во моментов сме на 67. место на ФИФА листата, со вкупно 1,368 поени. Ова е највисоката позиција на Македонија на ФИФА
Go toTop