Убиени повеќе од 34.800 Палестинци во израелските бомбардирања на Појасот Газа

May 8, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Бројот на убиени Палестинци во бомбардирањата на Појасот Газа од страна на Израел, обвинет за геноцид, се зголеми на 34.844, објави денес Министерството за здравство на палестинската енклава, известува Анадолу.

„Во досегашните напади се ранети најмалку 78.404 лица“, соопшти Министерството.

„Во израелските напади во последните 24 часа загинаа 55 лица, а 200 се повредени“, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.

„Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите тимови не можат да стигнат до нив“, се додава во соопштението.

Израелската Армија во понеделникот нареди евакуација на Палестинците во источна Рафа, потег што нашироко се смета за увертира за израелскиот напад врз градот. Вчера таа ја презеде контролата врз палестинската страна на граничниот премин Рафа на границата со Египет, витален пат за достава на хуманитарна помош на опколената територија.

Рафа е дом на повеќе од 1,5 милиони раселени Палестинци кои избегаа од војната откако Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Речиси седум месеци по почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а 85 отсто од населението на енклавата се внатрешно раселени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Хрватска: Пленковиќ договори формирање влада со десничарското Татковинско движење

Следно

Израелските демонстранти го блокираа главниот автопат во Тел Авив барајќи размена на затвореници со Хамас

Latest from Blog

За коридорите 8 и 10д минатиот месец исплатени 681.026.665 денари на Бехтел и Енка

Изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10д продолжува со засилен теренски ангажман, покажува најновиот месечен извештај за надзор на работите. Во мај изведувачот „Бехтел и Енка“ најмногу работел на геотехнички

Зголемен интензитетот на сообраќај, на „Табановце“ и „Богородица“ се чека до 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна време на чекање на

УЕФА дели казни

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) казни неколку клубови поради непочитување на прописите поврзани со финансискиот фер-плеј. Барселона, Челзи, Астон Вила, Рома, Лион и Хајдук Сплит не ја избегнаа казната од УЕФА за нерегуларности

Сончево и многу топло, температурите над 40 степени – не излегувајте од 11 до 17 часот!

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе
Go toTop