Израелските демонстранти го блокираа главниот автопат во Тел Авив барајќи размена на затвореници со Палестинците

May 8, 2024
1 min read

АЛ-КУДС (ЕРУСАЛИМ) – Израелските демонстранти, вклучително и семејствата на израелските затвореници во Газа, денес го блокираа главниот автопат во Тел Авив, барајќи договор за размена на затвореници со палестинската група Хамас, јавува Анадолу.

Како што јавува израелскиот јавен сервис КАН, семејствата на затворениците го блокираа автопатот Ајалон кој го поврзува Тел Авив со другите околни градови и места.

Демонстрантите носеа транспаренти со пароли како „спасете ги оние што можат да се спасат“, барајќи враќање на затворениците.

По најавата на Хамас за прифаќање на предлогот за прекин на огнот во Газа, семејствата на израелските затвореници ги интензивираа протестите за да ја притиснат израелската Влада да постигне договор што ќе овозможи ослободување на затворениците.

Делегациите на Израел и Хамас наводно се во Каиро на разговори за прекин на огнот и договор за размена на затвореници, според египетски извори.

Израел продолжи со нападот на Рафа и покрај тоа што палестинското движење Хамас го прифати катарско-египетскиот предлог за прекин на огнот и размена на заробеници.

Рафа е дом на повеќе од 1,5 милиони раселени Палестинци кои избегаа од војната откако Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Оттогаш, во израелските напади се убиени повеќе од 34.800 Палестинци, главно жени и деца во услови на масовното уништување и големиот недостиг на неопходни средства.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

Тел Авив тврди дека во нападот што го изведе Хамас се убиени околу 1.200 Израелци, но пилот на Израелските вооружени сили изјави дека е можно дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили со цел да се спречи киднапирање на израелските војници и Израелци од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Си Џинпинг и Вучиќ потпишаа заедничка изјава за продлабочување и подигнување на сеопфатното стратешко партнерство на Кина и Србија

Следно

Мирен изборен ден со поголем одзив за парламентарните

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за
Go toTop