Олимпискиот оган дочекан со спектакуларна парада во Марсеј

May 8, 2024
1 min read

Историскиот едреник со три јарболи „Белем“ денеска го донесе олимпискиот оган во Франција, пречекан од 1.024 бродови на спектакуларна парада во пристаништето во Марсеј, точно 79 денови пред почетокот на Игрите во Париз.

Звуци на гајди, сирени и труби се слушаа од бродовите кои го славеа пристигнувањето на олимпискиот факел, дванаесет денови откако „Белем“ исплови од Грција.

Бродот „Белем“ е изграден во 1896 година, годината кога се одржаа првите модерни Олимписки игри.

Свечената парада во Марсеј ќе трае до 17 часот, а на церемонијата се очекува да присуствуваат повеќе од 150.000 луѓе.

Околу „Белем“ има силни безбедносни мерки. Мобилизирани се 6.000 полицајци и четириесетина чамци за да се обезбеди непречено одвивање на парадата.

Прв носител на олимпискиот факел во Франција ќе биде пливачот Флоран Манаду.

Штафетата ќе тргне кон Париз в четврток пренесувана од поранешните фудбалери на Олимпик, Жан-Пјер Папен, Дидие Дрогба и Базиле Боли, а меѓу носителите ќе биде и познатиот готвач Александре Мациа.

Повеќе од 10.000 луѓе ќе бидат вклучени во пренесувањето на олимпискиот факел пред пламенот да стигне во Париз и да биде поставен во близина на Лувр.

Свеченото отворање на Олимписките игри ќе се одржи на реката Сена на 26 јули.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ИЗАБЕЛ ИПЕР ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЖИРИТО ЗА ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈА

Следно

Силвестер Сталоне нуди 11 свои луксузни часовници на наддавање

Latest from Blog

Прв концерт на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан по две илјади години

Овој историски настан е прв јавен концерт што Ватикан го одржал во изминатите 2.000 години. Концертот беше заеднички режиран од Фарел Вилијамс и Андреа Бочели, а настапија Џенифер Хадсон, Карол Џи, ѕвездата

Ѓурѓај: На Конгресот на ФУЕН ќе бараме унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 69. Конгрес на

Меџити: Акредитирани лаборатории го мерат воздухот по пожарот во Трубарево

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на прес-конференција рече дека фирмата во која настана пожар во Трубарево имала важечка дозвола за рециклирање на отпад, и дека се мери

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото
Go toTop