Димитриеска-Кочоска им даде поддршка на болните од цистична фиброза, испрати порака до Владата

February 4, 2023
1 min read

Дајте ни шанса за живот, дајте ни шанса за успешна приказна, беа зборовите кои денес најмногу ме потресоа на овој протест, сите со една иста мака, да се обезбеди лек за да можат болните од цистична фиброза да живеат подобро, вели Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

По протестот, таа се огласи на Фејсбук. Нејзината објава ја пренесуваме во продолжение: 

Во 21 век во земја членка на НАТО, претендент за ЕУ се одржува протест со кој некој бара да земе здив, бара да живее.

Излезете господа од власта да ги слушнете вистинските животни проблеми, да ги видите солзите на родителите кои денес беа таму. Кажаа два месеци преговараат со вас, а ако го добијат лекот за 4 дена капацитетот на плуќа од 25% се качува на 50%. Два месеци преговарате со луѓе на кои секоја секунда живот им значи? Срам да ви е и на вас и на секој еден кој во минатото или во иднина нема да реагира или не реагирал навреме на вакви проблеми. Вие деца имате? Имаат ли тие право на живот? Да не се вашите нешто повеќе од овие другите? Вие како живеете добри сте?

Секој ден нов криминал, милиони евра испокрадовте и уште ќе кажувате дека е скапа терапијата. Човечкиот живот нема цена. А во буџетот има пари ако домаќински се работи и не се краде. На крајот на краиштата ако не сакате да се откажете од криминалот, скратете на некоја инвестиција спасете човечки животи. Ќе ги направиме инвестициите ама луѓето и нивниот квалитет на живот назад не можеме да ги вратиме.
Пред три недели ветив дека ќе дојдам на протестот и денес бев таму.

И ќе бидам секогаш поддршка на сите оние кои имаат здравствени проблеми, а државата им стои на патот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Соборен кинескиот балон што леташе над САД

Следно

Забрана за влез во Македонија и казни од 300 евра: Бугарските државјани кои беа приведени на граница се протерани од земјава

Latest from Blog

ОЈО бара притвор за три лица, истрага за загрозување на животната средина со диви депонии на Вардариште

Со координирани дејствија на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи во изминатите два дена и извршени претреси на локацијата Вардариште по наредба на судија на претходна постапка, обезбедени се

Барселона официјално потврди, Балде е повреден

Екипата на Барселона преку социјалните мрежи предмалку објави дека Алехандро Балде се повредил на тренинг и дека ќе одуствува повеќе време од теренот. „ Алехандро Балде претрпе повреда на тетивата на левата нога

Путин го покани Зеленски во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е отворен за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но изрази сомнежи за корисноста од таква средба, особено поради, како што тврди, сомнителната легитимност на Зеленски.

Љутков: Спомен куќите во Велес се во добра кондиција, правиме напори да ги ставиме во функција за посетителите

Спомен куќите на Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов – Џинот се во добра кондиција и денеска сме на увид и правиме напори за нивна адаптација со цел да бидат постојано отворени

ВЛЕН го разоткрива непотизмот во ДУИ – плати и привилегии за семејствата на функционерите

Реакција на движењето ВЛЕН: Партијата прогласена за „Non Grata“ од меѓународниот фактор реагирала на вработувањата на Албанците во институциите на државата. Со клевети се обидуваат да ги прикријат своите неуспеси за време
Go toTop