Изјавата на Бајден дека Јапонија е „ксенофобична“ предизвика разочарување во јапонската влада

May 4, 2024
1 min read

ТОКИО (АА) – Токио реагираше на изјавата на претседателот на САД, Џо Бајден, во која Јапонија, една од важните сојузници на Соединетите Американски Држави, ја опиша за „ксенофоб“, известува Анадолу.

Бајден оваа изјава ја даде во текот на предизборната кампања во делот кој бил затворен за медиумите.

Повикувајќи се на владини извори, јапонската официјална агенција Кјодо објави дека Владата на Јапонија порачала дека се разочарувачки зборовите на американскиот претседател.

Опишувајќи ја изјавата за несмасна, Владата во Токио му пренесе на Вашингтон дека изјавата на Бајден не е заснована врз правилно разбирање на јапонската политика.

Во обраќањето што го пренесоа американските медиуми, Бајден вели: „Вие и луѓето како вас сте една од причините на растот на нашата економија бидејќи ние (САД, заб. на авт.) ги поздравуваме имигрантите. Размислете за тоа, зошто Кина економски толку заостанува? Зошто Јапонија има проблеми? Зошто Русија? Зошто Индија? Бидејќи имаат ксенофобија и не сакаат имигранти.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Струшката депонија кај Струга, секоја година расте по еден кат

Следно

По 22-годишно отсуство: Ипсвич се врати во Премиер лигата

Latest from Blog

(ВИДЕО) Општинскиот штаб на Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари: Од 1 јули забрани и засилени контроли

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни
Go toTop