Касами: ВРЕДИ ќе има завршен митинг во Тетово, а не ДУИ

May 2, 2024
1 min read

ВРЕДИ тврди дека правото да се соберат на плоштадот Илирија во Тетово на 6 мај им припаѓа ним. Градоначалникот на Тетово, Билал Касами рече дека Коалицијата Вреди била информирана на 11 април, а Европскиот фронт еден ден подоцна. Тој рече дека врз основа на добиеното барање во општината, информирано е и Одделението за внатрешни работи.

„Врз принципот кој прв ќе побара, добива, така што општината имала обврска да даде одговор на коалицијата ВРЕДИ, и да го извести Европскиот фронт дека во тоа време плоштадот е зафатен. Постапивме врз основа на процедурите. Полицијата не е таа што одлучува кој или каде ќе ги одржи митинзите. Ние сме демократска и европска држава во која законите треба да важат за сите подеднакво“, рече Касами.

Но, Европскиот фронт вели дека ВРЕДИ треба да се повлече. Арбер Адеми вели дека барањето на албанската опозиција е поднесено со задоцнување од 10 дена. Адеми вели дека за митингот добиле дозвола од полицијата.

„Апелираме до албанската опозиција да ја преиспита својата одлука. Нека одлучат за друго место или друг ден. Да придонесеме сите заедно, да имаме слободни и демократски избори според демократски стандарди, каде и ние и тие ќе имаме можност да ги обелодениме програмските дефиниции пред граѓаните со собир од ваков вид“, рече Адеми.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 12 април барањето пристигнало на нивна адреса од Европскиот фронт, а на 22 април од ВРЕДИ. Полицијата се обидела да организира координативен состанок со цел да се избегнат конфликти и да не се наруши јавниот ред и мир, но не успеала да ги доведат двете страни на заедничка маса за дискусија. Законот за јавни собири не обврзува за дозвола од полицијата, туку само известување за активностите кои субјектот ќе ги преземе.

Закон за јавни митинзи, член 3:

„Во интерес на безбедноста, организаторот на митингот може да го извести Министерството за внатрешни работи за одржувањето на митингот и мерките што ги презел за одржување на митингот. Ваквото известување се испраќа до подрачната единица на МВР најмалку 48 часа пред митингот“.

На 6 мај, политичките партии ги одржуваат завршните митинзи за парламентарните избори што ќе се одржат на 8 мај.

Адриан Керими

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРВОТО ФАРБАНО ЈАЈЦЕ ИМА ВОЛШЕБНА МОЌ – еве што да направите со него!

Следно

Од 19. Владина седница

Latest from Blog

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата

Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери – за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во

Американскиот Балкански Трговски Центар направи ноќ за паметење во Чикаго

Американскиот Балкански Трговски Центар, (AБТC) на 2 октомври организираше елегантен и незаборавен Black-Tie Форум, во елитниот Union League Club во центарот на Чикаго, кој на едно место собра истакнати гости од светот

Ѓоковиќ против Медведев ќе игра за историја, квотите велат Русинот е фаворит

Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, откако вчера го совлада Александер Зверев за 32-ра победа на 32-риот свој меч во Пекинг, денеска има нов предизвик, игра полуфинале со Данил Медведев и продолжува
Go toTop