Руските пратеници ги повикаа европските парламенти јавно да го осудат палењето на Куранот

February 4, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Претседателката на Горниот дом на рускиот Парламент денес ги повика пратениците на европските парламенти јавно да го осудат палењето на Куранот, пренесува Анадолу.

Во објава на Телеграм, Валентина Матвиенко рече дека руските пратеници изразиле силен протест поради неодамнешните исламофобични акти во Шведска и Холандија.

„Целосно поддржете ги колегите и осудете го сквернавењето на Куранот, извршено од радикали, како чин на варварство и ксенофобија“, рече Матвиенко.

Таа додаде дека Русија е „единствена земја во која луѓето од различни националности и вери живеат мирно и со респект едни кон други со векови“.

„Злоупотребата на Куранот не ги шокира само муслиманите, туку и претставниците на сите вери во Русија“, нагласи таа.

„Недостатокот на реакции во име на владите и парламентите на европските држави предизвикува посебен бес, негрижа од страна на органите за спроведување на законот и локалните власти“, рече Матвиенко.

„Сметаме дека она што се случи претставува поттикнување на меѓурелигиски раздор. Неприфатливо е да се оправдуваат богохулни антиисламски провокации со цинични оправдувања за слобода на изразување и слобода на говорот.“

„Руските сенатори ги повикуваат европските парламентарци јавно да ги осудат постапките на радикалните екстремисти како манифестација на верска нетрпеливост и да преземат мерки за заштита на правото на муслиманите и претставниците на другите религии на слобода на вероисповед, како и да ги доведат одговорните за провокациите пред лицето на правдата“, порача таа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Приведени бугарски државјани кои навредуваа и напаѓаа македонски полицајци на „Деве Баир“

Следно

Чавушоглу: Шведска намерно гази врз мините поставени од терористичките организации на патот кон НАТО.

Latest from Blog

БУШИЛКИ ПОКРАЈ ГЛАВА НА ПЛАЖА: Сезоната ПУКНА, туристите избегаа, за се ги криват агенциите

Иако долго време се сметаше за вистинска летна атракција и новина, оваа туристичка сезона во Албанија не ги исполни очекувањата. Летото 2025 година беше оценето како разочарувачко. Според податоците објавени од списанието

Тухел: Треба да го подигнеме нивото против Србија

Во рамките на Мундијалските квалификации, синоќа репрезентацијата на Англија на домашен терен одработи дуел против репрезентацијата на Андора. Конечниот резултат од 2:0, можеби за многумина делува шокирачки, но не и за селекторот

Вечерва целосно затемнување на Месечината, ќе може да се гледа и од плоштад „Македонија“

Целосното затемнување на Месечината што треба да се случи вечерва ќе може да се набљудува од плоштадот „Македонија“. Од Скопското астрономско друштво најавуваат дека ќе постават два телескопа. Редок феномен – целосно

Во прекин сообраќајот за тешки товарни возила на магистралниот пат Маврово-Дебар

Од 10:30 часот во прекин е сообраќајот за тешки товарни возила на магистралниот пат Маврово-Дебар во близина на Ростушки мост сообраќајот, соопштија од Авто-мото сојузот на Македонија. Како што информираат од АМСМ,
Go toTop