САД ја отфрлија можноста Меѓународниот кривичен суд да го истражува Израел

April 30, 2024
1 min read

Белата куќа синоќа соопшти дека е против истрагата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за акциите на Израел во Појасот Газа, јави ДПА.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер рече дека Вашингтон „не ги поддржува“ истрагите нагласувајќи дека „не верува дека тие имаат јурисдикција“.

Новинарите неколку пати ја прашаа Жан-Пјер дали евентуално издавање налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други израелски официјални лица може да ги торпедира разговорите за прекин на огнот во Газа. Но, портпаролката одби подетално да ја коментира темата.

Израелските медиуми претходно јавија дека Нетанјаху стравува дека главниот обвинител на МКС, Карим Кан, оваа недела би можел да издаде меѓународни потерници за него, министерот за одбрана Јоав Галант и началникот на Генералштабот Херзи Халеви.

Од 2021 година, судот во Хаг ги истражува израелските одбранбени сили и палестинската терористичка организација Хамас за наводни воени злосторства на палестинските територии – Појасот Газа, окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.

Во 2021 година судот пресуди дека има јурисдикција над палестинските територии окупирани по 1967 година – Западниот Брег и Појасот Газа. Сепак, ниту САД ниту Израел не го признаваат судот, забележува ДПА.

Во моментов во тек е истрага и за акти на насилство извршени од израелски доселеници на Западниот Брег.

Налог за апсење на Нетанјаху и други израелски граѓани издаден од МКС би значело дека државите што го потпишале статутот на судот ќе бидат обврзани да ги уапсат тие лица и да ги префрлат во Хаг под услов да се на нивна територија.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Еруптираше вулканот Маунт Руанг во Индонезија

Следно

Денеска е Велики вторник

Latest from Blog

Таки Фити: Македонскиот јазик е заштитен во „Францускиот предлог“, губиме драгоцено време

Рацин.мк, во оваа епизода од серијата „Имаме неколку прашања за вас“ оствари интервју со академик Таки Фити. Како што е познато, негова специјалност е економскиот развој на земјите во развој, претприемништвото, економијата

Ајатолахот Хамнеи првпат се појави во јавност од примирјето со Израел

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи вчера првпат се појави во јавност од примирјето со Израел постигнато на 24 јуни. Тој учествуваше на верска церемонија во Техеран. Според снимките објавени на иранската

Најтажниот гол во кариерата на Мбапе, посветен на Диого Жота (ВИДЕО)

Килијан Мбапе влезе во игра во второто полувреме, а во судиското продолжение стрелаше прецизно за водство од 3-1 во победата на Реал Мадрид над Борусија Дортмунд во четвртфиналето од клупскиот мундијал. Погодокот

Кабинетот на Нетанјаху: Измените на Хамас во предлогот за прекин на огнот во Газа се „неприфатливи“

ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) – Израел синоќа соопшти дека Хамас направил „неприфатливи“ измени во предлогот на Катар за прекин на огнот во Појасот Газа, пренесува Анадолу. „Промените што Хамас се обидува да ги направи
Go toTop