Шолц: Крајно време е Црна Гора да стане членка на ЕУ

April 29, 2024
1 min read

Вашето доаѓање потврдува дека сме блиски партнери. Крајно време е членството да се оствари, бидејќи ветувањето за членство е дадено пред повеќе од 20 години. Изгледите за Црна Гора се големи и ниту една земја во регионот не спроведува такви реформи, истакна Шолц.

Тој додаде дека официјален Берлин е „воодушевен од амбицијата“ на Црна Гора да ги затвори сите поглавја од преговорите.

Членството може да се додели со таа брзина и динамика. Се зависи од заслугите. Ние не гледаме само политички – туку врз основа на заслугите на земјата кандидат. Навистина сум изненаден од брзината и мислам дека тоа е реално амбиција и дека ќе ја дадеме сета поддршка, посочи Шолц.

Владата на Црна Гора има рок до крајот на април да исполни 31 од 83 привремени одредници за преговарачките поглавја посветени на владеењето на правото, по што ја очекува оценката од Европската комисија за спроведените реформи.

Спајиќ посочи дека Владата во Подгорица ќе се однесува како веќе да е во ЕУ и дека ќе биде конструктивен партнер на Западен Балкан.

Тој додаде дека Црна Гора ја надминала поларизацијата и го намалила странското влијание, посочувајќи оти „руското влијание оди рака под рака со чувството на загрозување“. Според Спајиќ руското влијание во Црна Гора е маргинализирано.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Германија повика на што поскоро интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Следно

Европа не може да си дозволи да раскине со Кина

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу
Go toTop