Министерство за финансии: Да се вратат старите цени на автомобилското осигурување

April 29, 2024
1 min read

До крајот на денешниот ден осигурителните компании да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците, бара Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која денеска на седница го разгледа извештајот од Националното биро за осигурување поврзано со зголемените цени по основ на премија за вршење на дејноста на осигурување.

Од Националното биро за осигурување и од Агенцијата за супервизија на осигурувањето како регулатор се бара во текот на денов да им предложат на осигурителните друштва до крајот на денот ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците, да ги вратат на ниво од пред 25 април и за тоа да ја известат Комисијата.

„Ваквото укажување е со цел обезбедување транспарентност и предвидливост на процесите, имајќи предвид дека компаниите ниту поединечно, ниту преку Националното биро за осигурување го немаат известено регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето ниту Комисијата дека планираат да ги зголемат трошоците по основ на премијата за вршење на дејноста на осигурување, и на тој начин не е обезбеден инклузивен пристап и кооперативност со сите засегнатите страни при донесување на одлуките“, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето се бара да изготви анализа за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на друштвата за осигурување, во насока на заштита на крајните корисници, со цел обезбедување сеопфатна информација за донесување објективна и транспарентна одлука.

„Во правец на ова е укажувањето кон регулаторот за ставање во мирување на одлуката за зголемување на цената на трошоците од страна на друштвата за осигурување. Истовремено, побара од друштвата за осигурување преку Националното биро да дадат свој придонес во изготвување на анализата и предлог-заклучоци за промена на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. На состанокот, Комисијата одлучи во најскоро време по доставување на анализата од регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето, да свика седница и да ја разгледа доставената Информација и да донесе соодветни заклучоци“, наведува Министерството за финансии.

Од Националното биро за осигурување во пресрет на денешната седница на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност посочија дека „одлуката треба да ги земе предвид интересите на крајните потрошувачи, но и реалната пазарна состојба, како и условите под кои работат осигурителните компании“.

Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Алкалоид“ во првите три месеци од годинава оствари продажба од 79,9 милиони евра

Следно

Појасот Газа: Во израелските напади врз Рафа утринава загинаа седум члена од исто семејство

Latest from Blog

Денот на албанското знаме во Скопје се прослави рафално, во Приштина и Тирана, достоинствено

Во Македонија се случи еуфорична прослава на албанско знаме, каква што немаше ниту во Косово ниту во Албанија. Тамошните граѓани, Денот на албанското знаме го прославија достоинствено. Во Тирана по повод 112

Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна ЕП за ракомтарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18. Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија

Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев. Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси
Go toTop