Бугарскиот претседател стави вето на измените на Законот за поттикнување инвестиции кои ја загрозуваат заштитата на животната средина

April 29, 2024
1 min read

Бугарскиот претседател Румен Радев го искористи правото на вето на одредени одредби од Законот за поттикнување инвестиции, кои го загрозуваат уставно загарантираното право на бугарските граѓани на здрава животна средина, соопшти прес-секретарот на шефот на државата.

Радев без да ја оспорува потребата од забрзување на изградбата на објектите од стратешко значење, на нова расправа во Народното собрание ги враќа текстовите, чија имплементација би довело до намалување на степенот на одговорност на администрацијата за заштита на животот и здравјето на луѓето при реализација на проекти од големи размери.

Според него, законската регулатива треба да овозможи брза и квалитетна изградба на значајните објекти за Бугарија, но во исто време да биде во согласност со обврската на државата да ги заштити граѓаните и природата. Ваквиот принципиелен став на претседателот постојано се изразува при остварувањето на правото на вето. Ова е третпат, по указите од 2017 и 2019 година, кога Румен Радев се спротивставува на мерките слични на оние донесени во овој закон, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Демонстранти против измените на Законот за заштита на животната средина се собраа на 19 април пред Собранието. Претставници на еколошки организации и граѓани изразија незадоволство што со измените на Законот за поттикнување инвестиции може да се гласа за текстови со кои ќе се поништи граѓанската контрола врз одлуките што ја засегаат природата. (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Два проблема што Бугарија не може да ги реши

Следно

Пет лица загинаа од торнада во САД, меѓу кои и четиримесечно бебе

Latest from Blog

Стојаноска: По изгласани интерпелации, поднесување оставка на членовите на Судски совет е нормален и морален чин

„Денес се случи она што по трет пат се случува, кога пред да се случи седница во Собрание, СДС најавува жестоко дебатирање, жестоко спротивставување, тоа беше случај со ребаланс на Буџет, со

Фергусон ја поздрави идејата за нов стадион на Манчестер јунајтед

Еден од најтрофејните тренери во историјата на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон позитивно реагираше на веста дека клубот планира да изгради нов стадион на местото на легендарниот „Олд Трафорд“. Новиот стадион на

Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Прага одржала работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки

Чешка е подготвена да поддржи големи инвестиции во македонската енергетика

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Прага одржа работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки,

Средношколците од гимназијата „Орце Николов“, пред Град Скопје протестираат против разрешувањето на директорот Димовски

Со транспаренти во рацете на кои пишуваше „Да ги задржиме добрите луѓе на места каде што позитивно влијаат“, „Орцаши против неправда“, „Ние не сме ничии марионети“, средношколците од гимназијата „Орце Николов“, денеска
Go toTop