Се уште не стивнуваат реакциите по гостувањето на Бојан Јовановски во подкастот кај јутуберот Стефан Лазаров.
Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, прв пат застана пред камерите по излегувањето од затворот.
Тој реши да гостува во подкастот кај Стефан Лазаров, а работите за кои што зборуваше таму многумина оставија без зборови.
Се присети и на најтешките моменти во затворските ќелии, но не заборави да ги спомене и оние што му помогнале во тие тешки моменти.
„Не можете ни да замислите како изгледаат затворските денови, морбидно. Без поддршка на родителите не би издржал ни половина и не би бил тука каде што сум сега. Во затворот научив ако ништо друго како будалите да ги оддалечам од себе. Имав психијатри додека бев во болница, паѓав во големи кризи, сепак, пет години далеку од слободата многу влијаеше на мене. И лајф коучевите ми помогнаа. На сето што ми се случуваше таму, во еден момент дознав дека почина Марина Туцаковиќ. Тоа многу тешко ми падна, бидејќи ние бевме многу добри. Тоа беше една жена што ме сакаше безусловно, првата работа што ќе ја направам кога ќе одам во Белград е да го посетам нејзиниот гроб. Беше прекрасна жена. Бев активно присутен во нејзината борба со ракот. Потоа ме затворија, таа беше тука да сведочи. И за Марина и за Фута и за Лаќа моето срце засекогаш ќе биде нивно. Десетина дена пред да почине, Лаќа (синот на Марина Туцаковиќ) ме посети во болницата, по десетина дена настрада. Ние имавме посебен вајб. Многу убави зборови кои цел живот ќе ги помнам ги слушнав од марина, а една од нив е „Ќе биде тоа што ќе биде’“, заклучи Бојан кај Лазаров.
Потсетуваме, текстописецот и синот на Марија Туцаковиќ, Милан Радуловиќ Лаќа, при крајот на 2022 година беше пронајден мртов во Израел. Неговиот татко не верува дека тој починал од прекумерна доза на недозволиви супстанци, а оние што го познаваа велат дека бил излечен од зависности.
Оние што во тие време се дружеа со него, како и пријателите од Белград, кои биле во контакт со него, истакнуваат дека тој во последно време бил поприлично расположен и насмеан. Додека престојувал во Израел често излегувал со пријателите на дружби и вечери, а во прилог на тоа зборуваат и неговите последни објави на Твитер. Па така на една од 12 декември 2022 година, истиот ден и кога е пријавено неговото исчезнување во Израел, тој цитираше стихови од една популарна песна на Светлана Цеца Ражнатовиќ, „Кожата помни“, напишана од неговата мајка, Марина Туцаковиќ.
Без имена
Ма само без успомена !— Милан Радуловић (@RioJaggerr) December 12, 2022
Извор: kurir.mk