ЕК предложи склучување на договори за асоцијација на ЕУ со Андора и Сан Марино

April 28, 2024
1 min read

Европската комисија реши да му предложи на Советот на ЕУ склучување на договори за асоцијација со Андора и со Сан Марино, што ќе претставува значајна пресвртница во напорите на Унијата за развој на посебни односи со соседните земји. 

Во соопштението на ЕК се посочува дека договорите за асоцијација ќе им овозможи на Андора и Сан Марино пристап до внатрешниот европски пазар, како на оној што го имаат Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, како зајакнување на соработката со ЕУ во други области согласно нивните амбиции за градење поблиски односи со Унијата.  

Во однос на пристапот до внатрешниот европски пазар, како што јави дописникот на МИА од Брисел, за Андора и Сан Марино, ќе важат истите правила и услови за конкурентност како и за членките на ЕУ. Кога станува збор, пак, до пристапот на пазарот на финансиски услуги, тој ќе зависи од придржување до строгите регулаторни и надзорни рамки, што ќе биде под мониторниг на контролните органи на ЕУ.  

Со договорите за асоцијација се воспоставува рамка за развој и унапредување на дијалогот и соработката на двете земји со ЕУ во повеќе области од заеднички интерес, како истражувањето, развојот, образованието, културата, социјалната политика, заштитата на животна средина и на потрошувачите, како и регионална соработка. 

При склучување на договорите за асоцијација се земаат предвид и посебната положба на Андора и Сан Марино, нивните специфични односи со соседните земји членки на ЕУ, како и нивната големина и по површина и по население.  

ЕУ ќе може да ги склучи договорите за асоцијација со Андора и со Сан Марино откако тоа ќе го одобри Европскиот совет, а потоа согласност ќе треба да даде и Европарламентот. По потпишувањето на договорите ќе следи процесот на нивна ратификација согласно процедурите на ЕУ и на двете земји, по што тие ќе може да стапат во сила. 

Советот за општи работи на ЕУ на 16 декември 2014 година донесе одлука за започнување преговори за склучување на договори за асоцијација со Андора, Монако и Сан Марино. Преговарачкиот процес на Европската комисија со Андора и Сан Марино почнаа во јануари 2022 година, по што Советот на ЕУ во јуни истата година даде рок за нивно завршување до крајот на 2023 година. Во периодот од март 2022 до декември 2023 година беа одржани вкупно 49 преговарачки сесии меѓу ЕК и двете земји, што доведе до затворање на преговорите до крајот на годината и изработка на заклучоци врз основа на кои сега ЕК го предлага потпишувањето на договорите за асоцијација.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ирак воведува казна затвор за геј бракови, промена на пол и промоција на хомосексуалност

Следно

Ангеловска-Бежоска: Оцената на ММФ е дека Народната банка е добар пример за транспарентност и отчетност во примената на Кодексот за транспарентност на ММФ

Latest from Blog

24 тема “Министер за здравство“ : Кој, како и кога раководеше со ресорот

Министерството за здравство почесто менува министри отколку амбулантни возила. Шест промени во ресорот ги одбележаа последниве осум години, a oд осамостојувањето досега, низ фотелјата поминале дури 18 министри, што здравство го прави

Реал Мадрид е уценуван од страна на Винисиус

Бразилскиот фудбалер Винисиус сè уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид – од неколку причини. Како што пишува „Марка“, разговорите со Реал Мадрид се водат веќе подолго време, но сè уште

Трамп го отфрли барањето на Нетанјаху за продолжување на санкциите кон Сирија

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за задржување на санкциите врз Сирија, објавија денес израелските медиуми, јавува Анадолу. Нетанјаху го посети Вашингтон минатиот

„Играта не заврши, сега се игра на теренот на ЕФ“ – Вреди ја прашува опозицијата колку се сигурни во нивните пратеници

Со излегувањето на АА со своите 5 пратеници во опозиција, коалицијата ВРЕДИ во Собранието  од 14 пратеници сега остана со 9. Од друга страна, 22 албански пратеници се во опозиција. Прашањето за

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

Бордот на Директори на Европската банка за обнова и развој ја одобри новата Стратегија  за  Северна Македонија за следните пет години (2025-2030). Стратешките приоритети се: Зајакнување на регионалната интеграција преку поврзување и зајакнување на поврзаноста на ланецот
Go toTop